08:15 - 8 ноември, 2026

Обичаи за митровденски задушници: Зошто денес запалената свеќа вреди повеќе од сите други

Овие задушници секогаш се паѓаат во сабота, пред големиот празник Митровдан посветен на Светиот великомаченик Димитриј.

На овој ден православните верници ги посетуваат гробовите на роднините и пријателите, додека во православните храмови се палат свеќи во спомен на починатите. На овој ден верниците упатуваат молитви до Бога за милост кон упокоените и простување на гревовите.

Митровденските задушници се втори по важност во православниот календар, веднаш по оние пред Велигденскиот пост и тоа се обичаи кои треба да се почитуваат.

Наутро се одбележуваат со света литургија,  а луѓето пред пладне одат на гробиштата и носат само свеќа, жито и вино. Секое друго изобилство е непотребно и не е во духот на православието.

Според народното верување, свеќата запалена на задушници вреди повеќе од сите свеќи запалени за покојникот во текот на годината, а ако не се запали, мртвите ќе бидат во темнина една година.

Задушниците никогаш не се за време на постот и затоа паѓаат во сабота и тогаш се печат колачи од бело тесто. Заедничко за задушниците во сите региони е одењето на гробишта, носењето свеќи за да се спомне  покојникот и организирање богослужба на гробот, а се послужува само сок или чаша вода.

На гробишта треба да изедете барем еден залак, заради обичај. Приносите се примаат од сите, па и од непознати лица кои се приближуваат до гробот, инаку одбивањето или оттурнувањето се смета за голем грев и навреда за мртвите.

Во црква за задушници се спомнуваат и зборовите на свети Јован Златоуст, еден од најголемите теолози од четвртиот век на христијанската проповед: „Помогнете им на покојниците и спомнете ги, не двоумете се да им помогнете на оние што заминале и понудете ги вашите молитви за нив“.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....