15.8 C
Скопје
11:05 - 9 октомври, 2026

„Обемот на половината ми е 62 сантиметри“: Јелена Розга откри како го одржува младешкиот изглед на прагот на шестата деценија

Пејачката Јелена Розга откри како ја одржува витката фигура и младешкиот изглед на 49 години.

Позната по посветеноста на здравиот начин на живот и негата на кожата, музичката ѕвезда откри детали за своите секојдневни навики и принципи од кои не отстапува.

Иако има струк од само 62 сантиметри, Јелена признава дека тоа понекогаш ѝ создава неочекувани проблеми при изборот на облека. Зборувајќи за својата фигура, таа изјавила:

„Сè уште имам струк од 62 сантиметри. Понекогаш тоа ме нервира кога, на пример, купувам панталони, бидејќи секогаш ми се широки во струкот, па морам да ги стеснувам. Луѓето ми велат: „Што те нервира, ти си среќничка“, но добро, тоа е најмалиот проблем. Нека ми биде секој проблем таков.“

За нејзината линија се заслужни комбинацијата од добра генетика и дисциплина во секојдневниот живот. Пејачката нагласува дека избегнува алкохол и се труди доволно да се одмора.

„Пред сè, генетиката. Сите мои се слаби, но и јас внимавам. Не јадам нездрава храна, не пијам алкохол и многу се одморам. Цел живот го правам тоа, не е ништо ново. Внимавам на исхраната поради здравјето“, објаснила пејачката.

Блескавиот тен е нејзин заштитен знак, а негата на лицето ѝ е приоритет уште од почетокот на кариерата. Пејачката се присетила како ги потрошила парите од својот прв настап.

„Од првата заработка, од првиот концерт, не купив ниту чевли, ниту фустан, туку купив кремови“, рекла таа.

Таа истакнува дека, без оглед на уморот и обврските, никогаш не ја прескокнува вечерната рутина за отстранување на шминката:

„Нема шанси. И да сум најуморна, да не знам што… Нема изговори. Негата е секој ден, нема прескокнување. Јас уште на дваесет и неколку години одев на некакви третмани и го избегнував сонцето“, рекла Јелена за „Хајп“ и додала:

„Јас 15-20 години немам видено сонце. Сè што е премногу, мене не ми е убаво. Има ли нешто поубаво од негувана, сјајна кожа, со што помалку шминка? Многу се негувам, многу се посветувам на себе.“

Слични објави

Прекрасна љубовна приказна на Александра Пилева за запознавањето со сопругот: „Јас сакам да те оженам“

Еспресо

(Фото) Дрвени маси и друг мебел од полно дрво достапни по набавни цени во салонот на Wood room во ГТЦ

Еспресо

Слатко задоволство со мирис на есен— крцкави штрудли со јаболка и цимет, готови за половина час

К.С.

(Видео) Калиопи откри што направила со необјавената песна со Тоше Проески: „Ја ставив во неговиот ковчег, таа си замина со него“

К.С.

Хороскоп за 9 октомври: Биковите ќе ги покажат своите способности на работното место

Еспресо

(Видео) Вики Миљковиќ и Десингерица ги изненадија обожавателите – запејаа на овој хит од 90-тите

Еспресо
Се вчитува....