3.8 C
Скопје
22:45 - 26 декември, 2024

Нови детали за трагедијата во Дубаи, таткото на пејачката се сомнева: „Нема друго објаснување“

Таткото на Андријана Лазиќ на секој начин се обидува да најде објаснување како се случи трагедијата во која пејачката го загуби животот.

Пејачката од Република Српска Андријана Лазиќ го загуби животот откако паднала од 24 кат од зграда во Дубаи, а околностите за нејзината смрт се уште не се познати. Јавноста беше длабоко потресена од оваа вест.

Таа завчера во присуство на многубројни пријатели, роднини и на ужаленото семејство беше испратена на вечното почивалиште во родното место. Таткото на трагично загинатата пејачка Андријана, Небојша Лазиќ, откри дека ниту тој ниту неговата сопруга Љиља не се чувствуваат добро по погребот на нивната сакана ќерка.

„Мојата сопруга и јас сме вон себе. Им делувам смирено на луѓето, но спијам на секои три часа зашто сме на седативи. Примаме инјекции наутро и навечер, па тоа не држи. Само ние знаеме како ни е. Ова е шок, не би можел никому такво нешто да посакам. Низ домот ни минаа над илјада луѓе. Мојот ангел веќе го нема, тоа е сега се што знам“, рекол тажниот татко Небојша за српска Република.

Тој објасни дека се сомнева дека неговата ќерка паднала од тераса поради напад на астма.

„Таа вечер кога почина Андријана, кучето цвилеше како никогаш во животот. Излеговме да видиме што се случува, потоа дојде до вратата и на крајот го пуштив во куќата. Тоа е големо куче, живее во дворот , има куќичка и ретко го пуштавме внатре.Тој насети што се случува и на крајот останавме шокирани од сцените.Кога влезе во дневната само лежеше таму и плачеше. Ги видовме солзите на кучето, не можевме да веруваме. Прашајте ги и соседите, околу 2000 луѓе поминале низ мојата куќа до денес, сите го видоа истото. Еве и сега можете да видите колку е тажно, чувствува се. Кога ќе го отворам прозорецот, тој само тажи, ме гледа и не прави ништо. Инаку, мислам дека паднала од тераса кога се обидувала да направи селфи. Најверојатно имала напад на астма па паднала преку оградата. Немам друго објаснување ” рече таткото на пејачката.

Ова била последната желба на пејачката која загина во Дубаи: Родителите сега ѝ ја исполниле

 

Слични објави

(Фото) Празнична идила во Севиља: Немања Гудељ позира со Анастасија Ражнатовиќ, фудбалерот не може да ја тргне насмевката од лицето

Еспресо

(Видео) Северина ја покажа празничната трпеза, меѓу украсите и еден со ликот на Јосип Броз Тито

Еспресо

Српски медиуми: „Бреговиќ го затегна лицето во Турција, тоа задоволство го чинеше 5.000 евра!“

Еспресо

(Фото) Фатени заедно: Еве каде беа и што правеа Марија Шерифовиќ и Јована Пајиќ

Еспресо

(Видео) Сопругата на Сергеј Трифуновиќ сподели видео од семејната куќа, а тој никогаш не бил поемотивен: „Кукли мои! Многу сте слатки!“

Еспресо

(Фото) Гола Баба Мразица: Парис Хилтон позираше разголена пред елка, интимата ја покри со панделка

Еспресо
Се вчитува....