07:53 - 4 април, 2026

Нови детали: Меган Маркл била огорчена што не ѝ било платено извршувањето на кралските должности

Само неколку дена по погребот на кралицата Елизабета Втора, кралското семејство се соочува со нов проблем – најновата книга за кралското семејство насловена „It’s Courtiers: The Hidden Power Behind the Crown“ од авторот Валентин Лоу, што се најавува како ново експлозивно издание за принцот Хари и Меган Маркл.

Дописникот на „Тајмс Ројал“, Валентин Лоу открива пикантни детали во книгата, особено посветувајќи ѝ простор на Меган Маркл.

Меѓу бројните пикантерии, авторот наведува дека Меган Маркл не била воодушевена од извршувањето на кралските должности, а тоа што била принудена да го прави тоа уште и бесплатно особено ја лутело.

Ваквото мислење дури го искажала и гласно во времето кога војводите од Сасекс биле на официјална турнеја низ Австралија, Нов Зеланд и Фиџи, во 2018 година.

„Иако на Меган ѝ се допадна вниманието, таа не ја сфати поентата на сите овие прошетки, ракувања со безброј непознати луѓе. Според член на послугата, барем во една прилика била слушната како вели: „Не можам да верувам дека не добивам плата за ова“, пишува Валентин Лоу.

Во книгата пишува и дека Меган Маркл го малтретирала персоналот и била бесна што не смеела да ги задржи подароците кои ги добивала од најразлични организации.

Слични објави

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо
Се вчитува....