12.8 C
Скопје
19:10 - 3 април, 2026

Нова љубов или авантура? Џеј Ло го остави поради бившиот, а сега Алекс Родригез излегува со мистериозна русокоса

Алекс Родригез, поранешниот вереник на Џенифер Лопез, по неколку месеци самечки живот прошета по улиците на Беверли Хилс со нова, мистериозна жена.

Русокосата непозната за јавноста и медиумите го привлече вниманието на папараците, бидејќи изгледаше дека е многу блиска со Алекс. Нејзиниот идентитет сѐ уште не е потврден, но она што е сигурно е дека изгледа повозрасно и посериозно од поранешната девојка на на спортистот, Џенифер Лопез.

Мистериозната жена носеше очила за сонце, палто и бели панталони, а нејзиното лице открива дека не е многу млада, што значи дека Алекс можеби нашол партнерка на негова возраст. Тој има 47 години, и во врската со Џенифер Лопез беше помлад, но таа изгледаше многу помладо од него.

Џенифер и Алекс беа свршени околу две години, но никогаш не застанаа пред олтарот. Иако се изгледаше идилично, нивното раскинување ја шокираше јавноста, а подоцна се испостави дека причина за тоа бил бившиот на Џенифер, Бен Афлек. Латино-ѕвездата со актерот се вери на почетокот на 2000-тите, а летово се омажи за него по кратка веридби. Многумина се прашуваа како се чувствува Алекс, со оглед на тоа што остана сам и отфрлен, а жената која ја сакаше се омажи со друг маж, но по се изгледа дека тој го надминал тоа и продолжува со животот.

printscreen/youtube

Слични објави

„Само падна како покосена“ – Познатиот фолкер раскажа за трагедијата која го „кине“ срцето

E.A.

Ни доаѓа многу моќен датум 4.4. – според нумерологијата носи пари, среќа и неочекувани можности

Т.Ц.

(Фото) Синот на Марија Шерифовиќ пристигна на Бали: „Ми дојде радоста!“

Еспресо

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Раскинаа ли Јована Јеремиќ и Тигар? Водителката се огласи додека тој ужива во Грција: „Избери маж кој не бега кога е тешко, туку останува“

Еспресо

(Фото) На 62 изгледа неверојатно – Ел Макферсон сè уште воодушевува во долна облека!

Еспресо
Се вчитува....