-2.2 C
Скопје
22:47 - 21 ноември, 2024

Нова Година 2024: Што може, а што не може да се подари во Годината на Змејот

Во пресрет на зимските празници имаме премногу обврски, вклучително и какви новогодишни подароци да избереме за семејството и пријателите. Секако, сакамр изненадувањето да донесе среќа и радост на личноста.

Ви кажуваме што да подарите за Нова Година во годината на Змејот, а што не треба да им купувате на вашите најблиски.

Подароци за Нова Година 2024 година – најдобри опции

Најуспешниот подарок, се разбира, е поврзан со владетелот на годината – Зелениот дрвен змеј. Но, не треба да се ограничувате само на сувенири.

Облека
Вашите најблиски дефинитивно ќе бидат среќни ако ја надополните нивната гардероба со стилска облека со новогодишни симболи. Џемпер со новогодишни и божиќни мотиви ќе стане незаменлив. Што се однесува до боите, подобро е да изберете облека во зелени, смарагдни и сини нијанси.

Доколку се одлучите да подарите чевли, идеална опција би биле актуелните модели во металик или сребрени бои – според астролозите тоа се боите кои ќе привлечат среќа во Новата година.

Декорација
Накитот го носат и жените и мажите. Затоа, ова е одлична опција за новогодишен подарок. Што се однесува до среќните бои, подобро е да ги избегнувате црвените нијанси со приврзок, бидејќи, според астролозите, црвената боја го симболизира Марс, планетата на војната. Во Годината на Змејот радост ќе донесат нежните нијанси.

Книга/комплет книги
Доколку меѓу вашите најблиски има љубители на книги, тогаш оваа опција за подарок ќе ги израдува. На мажите може да им се подарот и стрипови или книги за личен раст, а на девојчињата, на пример, романтични или историски романи.

Сертификат за обука
Ова е многу кул подарок, особено ако вашите најблиски одамна сакаат да се запишат на некои курсеви. Ќе им заштедите време за пребарување, а исто така ќе заштедите и лавовски дел од нивните пари.

Што не треба да подарите за Нова Година

Празен паричник
Празен паричник му ветува на сопственикот сиромаштија во Годината на Змејот. За да живее во изобилство, подобро е да изберете црн или црвен паричник, а исто така да ставите неколку пари во него. Тогаш неговата финансиска состојба ќе биде задоволителна.

Часовник
Не е тајна дека часовниците го симболизираат одминувањето на времето. Но, тие исто така симболизираат одвојување од саканата личност. Затоа запомнете дека не можете да подарите толку сомнителен подарок во Годината на Змејот на вашиот партнер/ка, па дури ни на членови од вашето семејство.

Свеќи
Тука треба да се вклучат дури и миризливите свеќи. Астролозите веруваат дека во Година на Змејот тие можат да симболизираат и погреб. Затоа, логично е да се одбие таков подарок.

Ножеви
Остри предмети симболизираат кавги и несреќи. За да се избегнат негативни последици во текот на целата година, не треба да се ставаат ножеви под елката како подарок.

Долна облека
Веројатно не очекувавте да видите долна облека на листата на забранети, бидејќи девојките често им подаруваат чорапи на своите момчиња. Излегува дека оваа облека ветува неверство и напуштање на семејството во Годината на Змејот. Ако не сакате вашиот/ата сакан/а да ве остави, заборавете на подароците како чорапи.

Сега знаете што да подарите во Годината на Змејот 2024 за да ги направите сопствениците на вашите подароци среќни и успешни. Овие едноставни совети ќе ви помогнат брзо да одлучите и да го направите вистинскиот избор. Сепак, подобро е однапред да проверите со вашите најблиски каков подарок сакаат.

Слични објави

Поранешна помошничка на Лепа Брена откри каква е пејачката приватно: Eдна работа никогаш нема да ѝ ја заборави

Еспресо

(Фото) Босански пејач доживеа сообраќајна несреќа во центарот на Белград! Автомобилот му е целосно уништен

Еспресо

(Фото+видео) Неда Украден подготвена за куќната слава, пејачката виткаше сарма со внуката

Еспресо

(Фото) Тело како на божица! Наташа Беквалац во проѕирен тил ги покажа градите и рамниот стомак

Еспресо

(ФОТО) Дарко Лазиќ и Катарина ја крстија ќерката: Малата Срна е преслатка во бел фустан со панделка на глава

Еспресо

(Фото) Анастасија Гудељ засукала ракави и направила пита: Рецептот се подготвува брзо и лесно

Еспресо
Се вчитува....