31.8 C
Скопје
12:49 - 11 септември, 2026

(Фото) Каква трансформација! Александра Пријовиќ ја промени фризурата, се појави на прослава кај поранешен министер

Српската пејачка Александра Пријовиќ го промени имиџот и ги одушеви обожавателите со новата фризура.

Александра по големиот успех и низата концерти реши да го промени својот изглед. Станува збор за паж фризура, која кај жените сè уште е многу во тренд.

Таа пееше на роденденската прослава на Млаѓан Динкиќ, а гостите беа одушевени од нејзиниот нов изглед.

Александра блескаше во тесен црн фустан со изрези на стомакот.

На прославата, освен неа и нејзиниот сопруг Филип Живоиновиќ, биле и Ана Бекута, Ацо Пејовиќ, Жика Јакшиќ, Жељко Васиќ…

Инаку, Александра Пријовиќ ги собори сите рекорди, така што речиси е невозможно да се наведат српски изведувачи кои успеале да го направат тоа што таа го направи за само неколку месеци.

Турнејата на Александра „Од исток кон запад“ започна во главниот град на Србија на 28 септември, а пејачката наполни три белградски арени на крајот на тој месец.

По Белград, Прија одржа по три концерти во Ниш и Сараево, дури пет во Загреб, а останатите два во Тузла и еден во Зеница.

Кога започна турнејата, Прија имаше околу 650.000 следбеници на Инстаграм, а сега има дури 800.000 луѓе, што е скок од неверојатни 150.000.

Слични објави

(Фото) Ваква Цеца досега не сте ја виделе: Се појави фотографија од младоста со сестра ѝ и родителите

Еспресо

(Фото) Богдана и Вељко Ражнатовиќ се забавуваа на Кипар: Се играло и ужичко оро

Еспресо

Доколку имате проблеми со видот јадете храна богата со витамин А

Еспресо

(Фото) Ѓина Џиновиќ мами погледи на Сардинија – ги покажа долгите нозе во фустан со висок прорез

Еспресо

Дневен хороскоп за 11 септември: Не пропуштајте ја можноста да ги претставите своите идеи

apostolova

Каролина сподели емотивен момент во чест на Владо Јаневски: Цел стадион ја пееше „Црно тиквешко“

apostolova
Се вчитува....