-2.2 C
Скопје
07:09 - 19 декември, 2024

Нов скандал во палатата: Роднина на кралицата Елизабета обвинет за сексуалнo злоставување на 11-годишно момче во сиропиталиште

Лорд Маунтбатен, вујко на принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета Втора, наводно злоставувал 11-годишно момче во сиропиталиште. Тужбите се поднесени 43 години откако Маунтбатен бил убиен во Ирска.

Артур Смит, кој се откажа од правото на анонимност, тврди дека двапати бил злоставуван од член на кралското семејство во 1977 година, во озлогласениот дом за сираци Кинкора во Северна Ирска.

Лорд Маунтбатен, вујко на принцот Филип и братучед на кралот Џорџ Шести, бил убиен две години подоцна кога ИРА поставила бомба на неговата јахта.

Сега, за прв пат, врховниот суд во Белфаст ќе ги слушне тужбите за наводно злоставување.

Пред пет години, јавната истрага откри дека најмалку 39 момчиња биле злоставувани во Кинкора – четири децении откако тројца членови на персоналот биле во затвор поради злоставување на 11 жртви.

Истрагата ги критикуваше властите за незаинтересираност, а полицискиот омбудсман за Северна Ирска минатата година ја осуди Кралската полиција во Алстер за лошиот одговор на жалбите во тоа време.

И покрај тврдењата дека безбедносните агенции „активно го помагале злоставувањето“, не беа прифатени никакви докази за нивна поткрепа. Смит, кој сега има 56 години, тврди дека прво го злоставувал членот на персоналот Вилијам Мекграт, кој станал познат како „Ѕверот од Кинкора“, набргу откако пристигнал во домот.

Тој тврди дека Мекграт го запознал со некој „отмен странец“ во август 1977 година, кој двапати го нападнал.

-Мекграт ми кажа дека ќе се сретнам со некој посебен пријател. Јас наивно прашав „навистина“? И тој ме одведе во собата. Долу имаше голема канцеларија, со големо биро и бања. Името на тој странец никогаш не беше изговорено во таа соба. Тој ме тераше да се истуширам, а подоцна, после сѐ, Мекграт доаѓаше по мене – изјави Смит за „Sunday Life“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DNARoyals (@dnaroyals)

Смит вели дека сфатил кој го злоставувал дури кога во медиумите ги видел извештаите за убиството на Маунтбатен во 1979 година.

Смит, кој сега живее во Австралија, рече дека човек никогаш не може да го заборави својот злоставувач.

-Верувајте ми. Можете да го потиснувате тоа, но не и да го заборавите. Го потиснував со години. Се срамев од тоа што се случи, но сега сакам мир – изјави Смит за медиумите.

Граѓанска постапка како онаа против лордот Маунтбатен се води против голем број институции во Северна Ирска, вклучувајќи ги и Министерството за здравство и шефот на полицијата на Северна Ирска.

-Ова е прв пат некој да поднесе тужба на суд против лордот Маунтбатен. Таа одлука не е донесена лесно. Тој многу добро знае дека тоа ќе биде доста непопуларен случај кај многу луѓе, и се појавува во рок од неколку недели по смртта на кралицата, рече Кевин Винтерс, адвокатот на Смит.

-Сепак, судските случаи кои вклучуваат ментална, физичка и сексуална злоупотреба не се водат за намерно да се повредуваат чувствителните – рече адвокатот.

Бакингемската палата одби да го коментира случајот.

Лордот Маунтбатен бил многу близок со покојната кралица Елизабета Втора, која од милост го нарекувала вујко Дики. Маунтбатен го одгледал принцот Филип и бил многу приврзан за сегашниот крал Чарлс Трети.

Слични објави

(Фото) Вељко Ражнатовиќ објави досега невидена семејна фотографија: Синот Жељко позира со стегнати мускули

Еспресо

(Фото) Иван Јованов воодушеви со празнична фотосесија со својата ќерка Ниа

Еспресо

Бресквица конечно откри како го добила прекарот: За сѐ била виновна една личност

Еспресо

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

Владо Јаневски го презакажа концертот во Скопје поради здравствени причини

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо
Се вчитува....