6.8 C
Скопје
18:01 - 19 февруари, 2026

„Николина Пишек измислува тужби што не постојат“: Се огласи Миша Гроф по интернет-драмата на водителката

Николина Пишек води јавна војна со својот свекпрв Миша Гроф по смртта на нејзиниот сопруг Видоје Ристовиќ.

Иако Витор Ристовиќ, попознат како Миша Гроф, неодамна откри дека ги повлекол сите тужби против снаата Николина Пишек, водителката со најновата објава покажа дека јавната војна меѓу нив сè уште не е завршена.

Имено, Николина вчера објави фотографија од ходникот на Граѓанскиот суд во Загреб, поточно од Одделот за семејни односи.

„И така…“ пишува на првата фотографија.

Потоа, водителката објави уште една фотографија од Судот и напиша – „Слушам дека надвор е сончево“.

По објавите на својот инстаграм-профил, Николина за српски „Блиц“ зборуваше за актуелните случувања во судскиот спор со нејзиниот свекор Миша Гроф.

„Не би коментирала ништо. Навистина немам сила после четири часа слушање идиотизам“, кратко изјави Николина.

Од друга страна пак, синоќа се огласи свекорот со тврдење дека „не постои судење, не знам за што зборува дека ја тужам“.

– Ниту водам постапка против неа, ниту ќе водам. Немам време за тоа и немам намера да ја тужам за ништо. На мојот адвокат не му е наложено да води никаква постапка, не сум добил никаква судска покана. Навистина цел ден го поминав дома – објасни Миша Гроф за српските медиуми, кој потоа рече дека не знае зошто неговата поранешна снаа измислува спорови кои не постојат.

Слични објави

Ана Николиќ се пресели во хотел, еве што се случува во нејзиниот стан од 500.000 евра

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Естетска корекција на уши

Еспресо

(Фото) Боса и со гол стомак: Катарина Живковиќ ужива во зајдисонцето среде пустина

Еспресо

Годишнина од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ – Сопругата Оливера: „Засекогаш остави прозор преку кој комуницираме“

Еспресо

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо

(Фото) Синчето на Едина Муса и Мачка наполни 1 година: Цела соба со играчки и балони, а и нов велосипед за малиот славеник!

Еспресо
Се вчитува....