6.8 C
Скопје
08:19 - 1 април, 2026

Никој не знае каде е Канје Вест: Тоне во долгови, го бараат за 4,5 милиони долари!

Раперот Канје Вест (45) наводно исчезнал откако неговиот поранешен менаџер го обвини за неисплатени хонорари.

Како што пишува Мирор, поранешниот менаџер на Вест, Томас Сент Џон побарал од раперот 4,5 милиони долари, а во судот во Лос Анџелес изјавил дека не може да му ги достави судските документи на раперот бидејќи не можел да го најде.

Исто така, Томас тврди дека документите ги испратил на три лични адреси на раперот. Сепак, документите никогаш не стигнале до Канје.

Според странските медиуми, Вест последен пат бил виден во јавноста неколку дена пред да биде обвинет од неговиот поранешен менаџер.

Да потсетиме, Канје во последните месеци е во центарот на вниманието поради недоличното однесување на социјалните мрежи. Неговите антисемитски коментари и објави резултираа со загуба на неговите главни спонзори – Баленсијага и Адидас, по што раперот загуби поголем дел од парите.

Слични објави

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо
Се вчитува....