18:05 - 12 ноември, 2026

Почина поранешниот папа Бенедикт XVI – првиот папа во историјата кој комуницираше со светот преку социјална мрежа и првиот што абдицираше

Збогум на првиот папа во историјата кој комуницирал со светот преку социјална мрежа.

Почесниот папа Џозеф Рацингер, првиот што абдицирал во шест века, починал во својот стан во ѕидините на поранешниот манастир Матер Еклезијае, во Ватикан, каде што се пензионираше од 2013 година за да се посвети на молитвата и на своите теолошки списи.

Тој беше 265-ти папа на Католичката црква и седми папа од германска националност. Иноватор во теологијата, тој важеше за еден од најславните интелектуалци на минатиот век.

Поранешниот папа почина денеска на 95 годишна возраст.

Тој ја водеше Католичката црква околу осум години до 2013 година, кога поднесе оставка од оваа функција.

Последните години од животот ги помина во манастирот „Mater Ecclesiae“ во ѕидините на Ватикан, каде често го посетуваше сегашниот папа Франциск.

Во последните неколку години неговото здравје беше влошено, а пред два дена папата Франциск ги повика верниците да се молат за неговото здравје.

За време на поголемиот дел од неговото лидерство на католичката црква, црквата се соочи со обвинувања, правни тврдења и официјални извештаи за децениска злоупотреба на деца од страна на свештениците.

Претходно оваа година, поранешниот папа призна дека биле направени грешки во справувањето со случаите на злоупотреба додека бил надбискуп во Минхен помеѓу 1977 и 1982 година.

Слични објави

(Фото) „Ти недостасува внимание, мајсторе?“: Мина Костиќ жестоко му одговори на Ѓорѓе Давид откако тој го нарече Каспер дух!

Еспресо

(Фото) „Продолжуваме со нови песни и убави моменти!“ — Благоја Грујовски доби големо признание, честитки пристигнуваат од сите страни

К.С.

Зоран Бирташевиќ од соработката со ЈК заработил 555.000 евра последните три години, а Карлеуша 2,5 милиони

Еспресо

„Не можев да посакам подобро“: Ела Дворник објави снимка со својата ќерка и откри убави вести

Еспресо

Искуства на пациент од Клиника „Жан Митрев“: 15 години подоцна – животот е најголемото сведоштво

Еспресо

(Фото) Во бело пред жирито на „Гранд“ — Габриела Ристовска освои пет гласа, а Цеца побара аплауз за скопјанката

К.С.
Се вчитува....