01:18 - 13 ноември, 2026

„Никогаш нема да си најдете маж со таков однос“: Сестрите Беквалац открија што им кажувале поранешните сопрузи

Сестрите Наташа Беквалац и Кристина Беквалац уште еднаш покажаа колку се блиски, а со последната објава на социјалните мрежи предизвикаа бројни реакции.

Додека престојуваат во Црна Гора, Кристина сподели видео на кое таа и Наташа се смеат и уживаат заедно, а во описот откри што им зборувале поранешните партнери.

„И двете од своите бивши сме ја слушнале истата реченица – ‘Нема да си најдете маж додека имате таков патолошки однос’. Не мислам дека беа во право, туку дека едноставно не можеа да разберат две сестри кои си даваат безусловна љубов и поддршка“, напиша Кристина.

Таа додаде дека нивната поврзаност, силниот карактер и автентичноста очигледно не им одговарале на некои луѓе во нивниот живот.

Наташа и Кристина важат за едни од најблиските сестри на регионалната естрада. Освен приватно, тие функционираат како тим и во професионалниот живот, па Кристина често е вклучена во организацијата и обврските поврзани со кариерата на Наташа.

Љубовниот живот на Наташа со години е под лупа на јавноста, а и Кристина зад себе има брак со Иво Мартиновиќ, со кого има две деца. Иако по разводот повторно се обидоа да ја обноват врската, сепак не успеаја да ги надминат разликите.

Во моментов, сестрите не откриваат дали имаат нови партнери, но според нивните објави – очигледно е дека си се најголема поддршка една на друга.

Слични објави

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо

(Фото) „Ти недостасува внимание, мајсторе?“: Мина Костиќ жестоко му одговори на Ѓорѓе Давид откако тој го нарече Каспер дух!

Еспресо

(Фото) „Продолжуваме со нови песни и убави моменти!“ — Благоја Грујовски доби големо признание, честитки пристигнуваат од сите страни

К.С.

Зоран Бирташевиќ од соработката со ЈК заработил 555.000 евра последните три години, а Карлеуша 2,5 милиони

Еспресо
Се вчитува....