09:28 - 5 декември, 2025

„Ние никогаш не прекинавме“: Јована Јеремиќ проговори за односот со Драган, па откри што ѝ подарил за роденден

Водителката гостуваше во емисијата „Премиера Викенд Специјал“, во која зборувала за својот роденден, поранешните емотивни партнери, но и за својот покоен татко.

Јована Јеремиќ викендов го прослави својот 35-ти роденден и по тој повод организираше прослава на која присуствуваа нејзините најблиски членови на семејството, пријатели и соработници.

Таа организираше забава на еден сплав во Белград, а меѓу гостите беа нејзиниот поранешен сопруг Војислав Милошевиќ, но и нејзиниот поранешен невенчан сопруг, како што го нарекува водителката, Драган Станковиќ. Јована сега откри и што ѝ подариле двајцата за овој посебен ден.

– Многу сум добро, имав убав викенд, утринската ми беше убава. Малку го сменивме концептот, нема толку политика и сè е убаво – рекла Јована.

Водителката открила и каква е нејзиниот моментален однос со нејзините поранешни партнери Воја и Драган, како и дека со Станковиќ никогаш не го прекинала контактот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JOVANA JEREMIC (@jeremicjovana)


– Ме сметаат за жена која никогаш не ги пали своите мостови. Јас немам многу поранешни, имав две големи љубови со Воја и Драган, тие се мои вистински пријатели. Драган и јас никогаш не сме се скарале, ние сме во феноменален однос. Не сум тип на личност која ќе крвави со поранешниот партнер, важно е прво да бидеме пријатели, а потоа сè друго, ако сме пријатели од самиот почеток, ќе бидеме и по раскинувањето, никогаш не сме го прекинале контактот. Јас кога ќе станам, прво му се јавувам на Воја, па му се јавувам на Драган. Воја има партнерка и јас неа многу ја сакам, и редовно се слушаме, а за Драган не знам – рекла Јована, по што ги коментирала шпекулациите дека сè уште е во врска со Драган:

– Немам за што јас да се оправдувам, тие дојдоа како поранешни на роденденот и тоа е тоа, но сестрата на мојот татко се омажи за истиот маж двапати, јас сум отворена за сè убаво и квалитетно во животот, и тоа така е, Бог ја одредува мојата судбина.

Потоа, таа проговорила за својот моментален емотивен статус и дали е заљубена.

– Не можам да ви кажам дали сум заљубена, ќе ве оставам во незнаење. Морам да кажам дека мене никој нема да ми влијае на животот, па ниту на мојата ќерка. Ме интересира дали луѓето се заинтересирани за приватниот живот на некој друг освен за мојот и за Наташа Беквалац – нагласила водителката.

Поранешните партнери не дошле на прославата на роденденот со празни раце, а сега таа открила и што ѝ подариле.

– Од Војо добив пижами добив, а од Драган добив белегзија и телефон, белегзијата ја носам како амајлија. Драган беше воодушевен од костимот како моја комбинација, а тоа беше непланирано, а покрај тоа, Воја кој беше господин. Мене сите ме испочитуваа, а водичката служеше да им објаснам на сите вештерки дека нивната магија не ми може ништо, јас сум Божјо дете – истакнала Јована.

 

 

Слични објави

Мал сончев зрак води низ облачно небо: Лична приказна на Илина Арсова

msp-admin

„Кога излеговме на состанок, ми кажа дека е оженет“: Николина Пишек бара партнер на апликација за запознавање

Еспресо

По загубата на мајка му и на татко, само таа му остана: Дарко Илиевски со уште лична приказна

msp-admin

Хороскоп за 5 декември: Овните ќе склучат добра зделка, Раковите ќе имаат потешкотии на деловно поле

Еспресо

Српска пејачка далa 300 евра за да биде во шоуто на Цеца Ражнатовиќ, па сурово била измамена

Еспресо

„Немам дeнар, не сум работела шест месеци“: Пејачката Мина Костиќ се „дави“ во проблеми

Еспресо
Се вчитува....