5.8 C
Скопје
02:15 - 1 април, 2026

Несудената снаа на Брена проговори за сопругот милионер и бебето: „Не менува пелени, ама свекрвата помага“

Фолк пејачката Надица Адемов се породи на 28 октомври годинава и на свет донесе девојче Мелина кое го доби во врска со милионерот Дамир од Германија.

Надица пред камерите проговори за мајчинството, помошта што ја има од мајка си и свекрвата, како и од богатиот сопруг Дамир.

– За време на бременоста се трудев да се грижам за себе, јадев се, но умерено. Јадам се што сакам и не обрнувам внимание на ништо… – вели Надица и додава за новата улога на мајка:

– Тешка е и најубава улога, но тука се мајка ми и свекрвата да помогнат. Мојот сопруг не менува пелени, но имам помош од него и мислам дека е татко за пример. Мислам дека не сум се променила, зрачам со некоја мајчинска енергија. Јас го избрав името на девојчето и не згрешив, на сите им се допаѓа. Имавме на ум неколку имиња, но јас бев таа која сакаше да се вика Мелина- вели пејачката и открива дали Дамир се променил откако добија ќерка.

– Мислам дека не се промени, за сега е добар, не можам да се пожалам. За сега немаме дадилка, но веројатно во некој момент ќе биде потребна. За сега е активна баба.

Инаку, Надица во 2016 година беше во врска со синот на Брена, Стефан Живоиновиќ.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....