7.8 C
Скопје
23:10 - 1 април, 2026

Ненадејно почина Плејбој моделот Таби Браун, поранешнa љубовница на фудбалерите Марио Балотели и Рахим Стерлинг

Веста за смртта на 38-годишната манекенка ја објави нејзиниот поранешен менаџер. Причините за ненадејната смрт на Таби се уште не се познати. Последен пат убавицата постирала на социјалните мрежи пред шест недели, споделувајќи „стори“ од вежбање во теретана и релаксација во одморалиште.

Пријателите на манекенката се шокирани од трагедијата. „Моето срце е скршено“, напиша британскиот ТВ водител Вас Џеј Морган. „Каква светлина си. Твојот изглед одговараше на твојата внатрешна состојба, исто толку убава. Навистина сум шокиран и тажен поради твоето заминување. Почивај во мир“, напиша пејачката НејНеј.

Таби е родена во јужен Лондон. Учествувала во многу рекламни кампањи. Браун настапуваше како модел на Плејбој и се појавуваше во кампањи за Canon, Virgin Atlantic, AX и Lynx. Таа, исто така, глумеше во музички спотови за раперите Снап Дог и Дизи Раскал и се натпреваруваше во реалното шоу The Bachelor.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tabby Brown (@tabbybrown)

Убавицата имаше неколку романси со познати личности. Во 2011 година, моделката почна да се забавува со италијанскиот фудбалер Марио Балотели. Врската на парот траеше седум месеци, а заврши кога на Браун ѝ здодеа од забавите на нејзиниот љубовник со други жени. Во 2016 година, Таби се зближи со фудбалерот на фудбалскиот клуб Челзи, Рахим Стерлинг. Вљубените беа неколкупати „уловени“ на средби во хотелот Lowry во Манчестер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tabby Brown (@tabbybrown)

 

Слични објави

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.
Се вчитува....