18:02 - 10 април, 2026

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

„Оди на работа и почитувај ги луѓето со кои работиш додека не ти докажат дека не го заслужуваат твоето почитување. Обиди се да не бидеш еб*н кретен. Можеби нема секогаш да ти успее, но обиди се“, изјави за E! News без никакво разубавување на својата изјава Киану Ривс.

Неговата изјава совршено се вклопува во темата на новиот филм и всушност е директно поврзана со приказната. Во „Outcome“ Ривс глуми холивудска ѕвезда која некој ја уценува, па тргнува на своевидна турнеја на извинувања, обидувајќи се да се помири со луѓето што некогаш ги повредил за да открие кој стои зад уцената. Да бил неговиот лик барем малку попристоен кон другите, веројатно немаше ни да се најде во таква ситуација.

Кога станува збор за Киану, впечатокот е дека тој не само што убаво ја формулира таа порака, туку и ја живее. Речиси сите во Холивуд што работеле со него го опишуваат како исклучително љубезен, скромен и пресретлив — токму онаков каков што изгледа и во своите филмови.

Таквиот пристап очигледно му се исплател. Денес е јасно дека без талент, упорност и фактот дека е пријатен за соработка, не би останал со години на самиот врв на индустријата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Keanu Reeves (@keanu0fficial1)

Слични објави

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.

Никогаш не го заборави: Брена со емотивна приказна за Лепи Бора

msp-admin

Татин син: Миро Кацаров објави посебна фотографија од малиот Тадеј

msp-admin

Погледнете како изгледа скапоцениот стан на Николија во Атина, подарок од мајка ѝ Весна Змијанац

E.A.
Се вчитува....