14.8 C
Скопје
10:24 - 26 март, 2026

Неколку лица се уапсени во случајот со смртта на Метју Пери

Полицијата во Лос Анџелес уапси неколку лица за кои се вели дека се вмешани во смртта на популарниот актер Метју Пери. Надлежните засега не даваат повеќе детали, иако во наредните часови е закажана прес-конференција која повеќе ќе расветли што се случило. Актерот бил пронајден во џакузито од неговиот дом и обдукцијата утврдила дека изгубил свест поради прекумерно консумирање кетамин.

Метју Пери, 54-годишен и популарен актер, особно по своето учество во ТВ емисијата „Пријатели“, конзумирал кетамин како дел од третман за депресија и анксиозност. Всушност, неговите дози му биле препишани, но очигледно дека земал и непрепишани дозаи. Меѓутоа, експертите утврдиле дека количината на оваа супстанца пронајдена во неговото безживотно тело не е во согласност со количините предвидени од строго медицински аспект.

Лекарскиот инспектор задолжен за случајот, пак, утврдил дека актерот бил трезен година и пол и забележал дека во неговиот дом не е пронајдена дрога. Ниту, пак, биле пронајдени прибор или елементи во неговиот дом што би можеле да наведат да се верува дека Метју Пери сè уште е зависник од забранети супстанции, иако било докажано присуство на големи количини на кетамин во неговото тело.

Поради смртта на Пери, полицијата уапси неколку дилери на дрога и еден лекар. Сите тие биле неопходни фигури, според полициската истрага, за актерот да ја добие дрогата, односно медикаментите, што конечно ја предизвикало неговата смрт, лани на 28 октомври 2023 година. Работата на властите го продлабочи заговорот за трговија со супстанции во Холивуд. Проблемите на Пери со дрогата, како што самиот објаснил, започнале на 14-годишна возраст.

Неговата смрт ја шокираше филмската индустрија и сите негови колеги актери беа особено шокирани од неговата смрт. Актерот Метју Пери беше многу драга личност за огромен број негови обожаватли и сите споделија момент од неговата професионална кариера со него кога осамна веста за неговата смрт.

Слични објави

(Фото) Убав повод за забава во семејството на Огнен Здравковски

Еспресо

По повод Светскиот ден на вафлите, ви носиме рецепт за совршено крцкав и мек десерт

Еспресо

Беше сиромашна и гладна, а сега се бори за здравјето: Се отвори Бранка Соврлиќ за Зорица Брунцлик

Еспресо

(Видео) „Целата траума е во телото“: Јелена Спенџарска откри лична приказна

Еспресо

Хороскоп за 26 март: Вагите носат важна одлука, Раковите се ослободуваат од емоционален товар

Еспресо

(Фото) Парите само си течат: Откриено од што заработува 10 години постарото момче на Уна Чолиќ

Еспресо
Се вчитува....