6.8 C
Скопје
09:45 - 1 април, 2026

НЕДЕЛА – РЕЗЕРВИРАНА ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА ДОМОТ: Три евтини средства кои ќе го светнат вашиот дом

Нема потреба повеќе да фрлате толку пари на скапите средства за чистење, погледнете дека тие не се секогаш неопходни. Понекогаш доволни се и некои работи кои веќе ги имате дома и се многу поевтини.

Сода бикарбона

Сода бикарбоната има абразивни својства кои можат да бидат од голема помош во борбата со нечистотијата на металните површини кои бара повеќе стругање. Исто така, можете да ставите малку сода во затнат одвод, а кога ќе додадете и врела вода таа ќе почне сама да работи на одзатнувањето. На крај, може да ја искористите и за чистење на прозорците. Неколку лажичиња сода помешани со малку вода можат многу ефикасно да се изборат со маснотиите и другите нечистотии кои остануваат на стаклото.

Алкохолен оцет

Нема нешто во домот што не можете да го дезинфицирате со алкохолен оцет – од штицата за сечење, преку садовите, па се до ВЦ школката. Мешавина од него и вода во сооднос 1:2 е најевтиниот начин да се справите со маснотиите кои не сакаат да излезат од садовите во кои готвите или бигорот.

Маслиново масло

Маслиновото масло може да ги светне вашата кожа и коса, но и мебелот во домот. Ставете малку од него на крпа и искористете го како замена за скапите хемиски средства. Можете да ги пребришете сите дрвени површини од столиците и комодата, до креветот и паркетот.

Слични објави

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо
Се вчитува....