10:47 - 21 ноември, 2026

Неда Украден се прости од Мишо Ковач со потресни зборови: Ова засекогаш ќе го памети

Пејачката Неда Украден се прости од својот колега Мишо Ковач, кој почина на 31 октомври. Таа со емотивна порака се потсети на годините што ги поминале заедно на музичката сцена, нивните настапи и заедничките турнеи, како и на познатиот дует „Збогум, неверна душо“, објавен во 1986 година. За нејзината последна порака до легендарниот пејач.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Neda Ukraden (@neda.ukraden)

„Последно збогум на драгиот колега, харизматичниот и неповторлив Мишо Ковач. Засекогаш во сеќавање ќе ми останат нашите турнеи, концертите и дуетот „Збогум, неверна душо“. Патувај со ангелите, драг Мишо“, напиша Неда.

Простувањето од Мишо Ковач ќе трае три дена и ќе се одржи во неколку хрватски градови. Почитувачите и пријателите најпрво ќе можат да му оддадат почит во Шибеник, по што следува Сплит, а последното испраќање ќе биде организирано во Загреб.

Програмата започнува во понеделник во Шибеник, а во вторник, на 3 ноември, продолжува во Сплит.

На стадионот „Пољуд“ во Сплит, со почеток во 16 часот, ќе се одржи големо испраќање на кое се очекува присуство на бројни музички ѕвезди, пријатели и обожаватели на пејачот.

Слични објави

Денеска е Аранѓеловден — што не треба да правите на големиот празник посветен на Свети Архангел Михаил?

К.С.

Дино Мерлин: „Татко ми замина кога имав седум години, а мајка ми правеше сè да нè изведе на прав пат“

Е.А.

Мирис на домашна кујна — рецепт за посни колачи со ореви што се топат во уста

К.С.

Дневен хороскоп за 21 ноември: Посветете го денот на себе, избегнувајте дополнителни обврски

apostolova

Јована Јеремиќ носела детаљ од 20.000 евра на свадбата со Тигар: Поради него ја тужела пејачката

Еспресо

(Фото) Најзгодната српска актерка се соблече и го покажа совршеното тело: Еве на која егзотична дестинација ужива

Еспресо
Се вчитува....