8.8 C
Скопје
12:17 - 1 април, 2026

„Неда Украден е медицинско чудо“: Аца Лукас не штедеше зборови за Неда Ураден

Српскиот пејач Аца Лукас повторно привлече внимание со своите остри изјави. Отворено зборуваше за естрадата, а особено ја спомена колешката Неда Украден, за која изјави дека е – „медицински феномен“, пренесува „Блиц“.

„Години наназад кога ќе ја слушнам некаде, секогаш вели различно нешто. Во Сараево вели дека е Сарајка, во Загреб дека е Загрепчанка, а во Белград – дека е Белграѓанка. Зборувам за Неда Украден“, рекол Лукас.

Пејачот продолжил во свој стил, додавајќи саркастично:

„Навистина сум ја слушнал како во Сараево вели дека е Сарајка, па потоа во Загреб дека е Загрепчанка, а во Белград – Белграѓанка! Многу ми е чуден тој круг, биолошки и физички. Тој породување што се случило во три града – Неда е медицинско чудо“, изјави Аца Лукас низ смеа.

Луксузен живот на повеќе адреси

Инаку, Неда Украден е позната по својот долгогодишен музички успех, но и по тоа што поседува повеќе луксузни недвижнини низ регионот. Таа има станови во Црна Гора, Белград и Хрватска, кои, според медиумите, редовно ги издава.

Иако ретко зборува за приватниот живот, пејачката на социјалните мрежи често споделува фотографии од своите домови, гордеејќи се со нивниот ентериер и со љубовта кон патувањата.

Во неодамнешно интервју, Неда изјави дека ѝ е драго што и понатаму има голем број млади фанови, кои уживаат во нејзините песни.

„Неверојатно е како младите реагираат на моите песни и колку ги сакаат. Секако, на концертите доаѓа и постара публика, но тие најмногу уживаат во старите хитови. Младата публика ме прифати затоа што го освежив мојот репертоар, а истовремено создадов музички правец кој денес го следат и други“, рече Неда.

Слични објави

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

msp-admin

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....