7.8 C
Скопје
22:22 - 31 март, 2026

„Не сакам да умрам во Америка“: Ози Озборн би се селел и на Тимбукту, само подалеку од САД зашто „стана чудно место за живеење“

Ози Озборн вели дека тој и неговата сопруга ќе ги напуштат САД поради масовните престрелки.

Пејачот Ози Озборн ги критикуваше САД и рече дека планира да се врати во својата татковина, Велика Британија, со својата сопруга, објави Блумберг повикувајќи се на интервју со Ози и Шерон Озборн за магазинот Обсервер.

„Доста ми е од тоа што секој ден се убиваат луѓе. Господ знае колку луѓе се застрелани во пукотници во училиштата“, изјави Ози Озборн.

Тој додаде дека не сака да умре во САД и да биде погребан на гробиштата Форест Лон во Калифорнија, каде што се погребани многу познати личности од Холивуд.

„Не сакам да умрам во Америка. Не сакам да бидам погребан во Форест Лон“, рече пејачот.

Музичарот од Бирмингем додаде дека, како Англичанец, сака да се врати во својата татковина, но ако неговата сопруга каже да се преселат во Тимбукту, тој би се согласил и на тоа.

Шерон Озборн појасни дека изјавите на Ози Озборн не се поврзани со Паркинсоновата болест од која боледува.

„Знам дека луѓето можеби мислат така. Но, тоа нема врска со болеста. Само време е да си заминеме. Америка сериозно се промени. Тоа веќе не се Соединетите Американски Држави, воопшто не е исто. Ова стана чудно место за живеење“, признава Шерон Озборн.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....