5.8 C
Скопје
06:35 - 1 април, 2026

Нè напушти легендарната вокалистка на групата „Мањифико“, Невена Кочовска

Денес нè напушти легендарната вокалистка на групата „Мањифико“, Невена Кочовска. Почина во Скопје на 81 годишна возраст. Долги години боледуваше од Алцхајмер.

Невена, сопруга на Панче (и мајка на Тања и Лидија Кочовски), беше дел од вокално – инструменталниот ансамбл „Мањифико“ во кој настапуваше заедно со сопругот. Групата беше активна и многу популарна на сцената, и надвор од Македонија и Југославија, повеќе од 30 години. Во текот на нивното 31-годишното постоење, „Мањифико“ настапиле во 37 земји, остварувајќи 3700 концерти, а покрај тоа учествувале и на 600 добротворни настапи.

Веста на својот Фејсбук профил ја споделија нејзината ќерка Тања објавувајќи две фотографии од мајка си, едната понова а другата од помладите денови.

Иако болеста ѝ напредувала, нејзиниот глас, како што во една прилика изјави нејзината ќерка Тања, останал моќен. Помладата ќерка на Невенка, Лидија Кочовска неретко од удобноста на нивниот дом знаеше да нѐ почести со прекрасен музички поздрав упатен преку социјалните мрежи во придружба на нејзините родители.

Со неповторливата Невена, која беше инспирација за цели генерации пејачи, се простуваат на социјалните мрежи голем број на личности од музичкиот и актерскиот свет и општествениот живот.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....