03:56 - 2 април, 2025

(ВИДЕО) Не му е првпат! Пред десет години Вил Смит му удрил шамар и на новинар од Украина

Ова не е прв инцидент на актерот Вил Смит на настан за доделување награди. Во Москва во 2012 година тој му удри шамар на украинскиот новинар Виталиј Седиук додека даваше интервју за филмот „Луѓе во црно 3“.
Украинскиот шегобиец, како што многумина го нарекуваат, се обиде да го бакне Вил во образ. Смит многу се изнервира, па му удри шлаканица и го оттурна, што може да се види на видеото на крајот од текстот.

-По ѓаволите, човеку, што ти е проблемот? – го праша Смит новинарот пред да му удри шамар, а потоа им рече на новинарите дека Виталиј имал среќа што не го удрил посилно.

„Ох, го кажав тоа пред камера“, изјави тогаш Вил Смит.

Бесен сум што луѓето мислат дека можат да се однесуваат со познатите личности како што сакаат“, рече Смит во едно интервју за поткастот Рап Радар додавајќи дека во врска со тоа добил десетина пораки од Џеј Зи.

Потоа Смит му се јавил, а тој му рекол: „Штотуку видов видео на кое му удираш шлаканица на еден дечко во Русија. Тоа е најсмешното нешто што сум го видел. Сакам да знаеш дека веројатно никогаш нема да направиш нешто поинтересно од тоа“, му рекол Џеј Зи на Вил и продолжил:

-Јас и Би имаме настап вечерва, но размислуваме да го откажеме и да останеме да гледаме како го плескаш тој тип.

Инаку, ниту на Седуик тоа не му било прво такво искуство. На доделувањето на Греми наградите во 2013 година тој го „бркал“ Бредли Купер, а во 2014 година, на меѓународниот филмски фестивал во Санта Барбара, се плеткал околу препоните на Леонардо Дикаприо.

Истата година, контроверзниот новинар бил уапсен за неовластен влез на пистата Прабал Гурунг на модната недела во Париз. Само неколку месеци подоцна на Канскиот филмски фестивал, тој се пикнал под здолништето на Америка Ферера, а добил и забрана да му се приближува на Бред Пит, бидејќи наводно го удрил на премиерата на „Maleficent“.

Виталиј се уште верува дека Смит се однесувал грубо со него и дека не требало да му удри шлаканица на комичарот Крис Рок.

-Прашањето беше како го направи тоа. Сигурен сум дека можеше да најде подобро решение – изјави тој.

Слични објави

(Фото) Тројна среќа: Горан Папаз сподели преслатка слика со трите близнаци!

Еспресо

Тајната е откриена: Колкава алиментација плаќал Драган Којиќ Кеба?

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ се соблече во бикини: Пејачката ги „искара“ луѓето на плажа!

Еспресо

(Фото) Наташа Беквалац на тренинг: Еве како пејачката ја доведува линијата до совршенство

Еспресо

(Фото) Вака Дара Бубамара ја „киднапираше“ песната од евровизиската претставничка на Кипар: На површина испливаа детали!

Еспресо

Љубовницата на Бекам со шокантна исповед: Не бев единствената со која ја изневери Викторија

Еспресо
Се вчитува....