13:45 - 7 ноември, 2026

Не може да се помири со загубата: Соња Тарчуловска е неутешна по мајка ѝ

Соња Тарчуловска не може да се помири со големата загуба, откако нејзината мајка почина на крајот од 2023 година. Фолк-пејачката на 8. Март сподели спомен за мајка си и нивна постара фотографија.

„Почивај во мир. Мајка“, напиша Соња до колажот фотографии.

Тарчуловска на крајот од 2025 година сподели тажен спомен на својата мајка. Пејачката, во објавата на Фејсбук напиша дека нивната врска е посилна од смртта.

Фото/Инстаграм

 

–Поминаа две години откако те нема. Но, секогаш ќе бидеш присутна во моите мисли, бидејќи нашите души се засекогаш поврзани.  Таа врска е посилна од смртта. Таа љубов е самиот живот. Почивај во мир Мајко моја- напиша фолк-пејачката.

 

 Претходно, пејачката го покажа своето семејство од родниот Пробиштип, поточно својот татко и својата сестра.

Поводот за овие фотографии беше 77-от роденден на татко ѝ, а Соња напишала: „ТАТО Среќна 77-ка биди жив и здрав. Ние те сакаме сите“.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо
Се вчитува....