7.8 C
Скопје
10:59 - 1 април, 2026

„Не ја искривувајте сликата“: По документарецот се огласи портпаролката на Хари и Меган

Принцот Хари и Меган Маркл изјавија дека никогаш не ја навеле приватноста како причина да се оддалечат од кралските должности. За тоа пишува „Би-Би-Си“ повикувајќи се на изјавата на прес секретарката на војводата и војвотката од Сасекс, Ешли Хансен.

Портпаролката го нарече ова мислење „искривување на наративот“.

Според неа, принцот Хари и Меган Марл секогаш имале намера да извршуваат јавни должности по напуштањето на кралското семејство. Во 2020 година, тие рекоа дека планираат да го балансираат времето помеѓу Обединетото Кралство и Северна Америка и да продолжат да ја исполнуваат нивната должност кон кралицата, Комонвелтот и покровителството.

Тогаш многумина мислеа дека Хари и Меган Маркл решиле да се „пензионираат“ поради мешањето на новинарите.

„Војводата и војвотката никогаш не ја наведоа приватноста како причина за повлекување. Овој искривен наратив имаше за цел да го замолчи парот“, објасни Хансен.

Претходно беше објавено дека принцот Вилијам и Кејт Мидлтон не ја гледале документарната серија на Хари и Меган.

Слични објави

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....