0.8 C
Скопје
01:43 - 12 март, 2026

Не им дошле на слава: Сопругата на Саша Поповиќ одговара во какви односи се со Лепа Брена

Освен што ги поврзува кумството, семејствата Поповиќ и Живоиновиќ беа косопственици на „Гранд“ продукција, која решија да ја продадат пред три години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Suzana Jovanović (@suzanapopovic69)

Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живоиновиќ пред неколку дена го прославија празникот Свети Архангел Михаил и како и секоја година беа домаќини на бројни јавни личности.

Сепак, Саша Поповиќ и неговата сопруга Сузана Јовановиќ не се појавиле на прославата на Брена, а бидејќи како кумови се редовни гости во куќата на Брена и Боба, во јавноста веднаш почна да се шпекулира дека дошло до кавга меѓу семејствата.

По тој повод Сузана се огласи во медиумите, но најпрво искоментира зошто својата кума Лепа Брена не ја „следи“ на социјалната мрежа Инстаграм.

„Немојте, ве молам, мене Инстаграм ништо не ми значи, јас живеам реален живот, не виртуелен. Зарем е важно кого го следам или не? Не се бавам со својот пофил на социјалните мрежи, не сум толку активна“ – објаснува Сузана за српските медиуми.

На констатацијата на новинарите дека ни неа не ја „следи“ Брена на социјалната мрежа Инстаграм, сопругата на Саша Поповиќ вели:

„Само да ви кажам, Саша и јас сме семејни луѓе, многу сме традиционални и пожртвувани, и со Брена и Боба приватно се дружиме, а тие виртуални работи не не интересираат. Мене не ме интересира дали некој ме следи или не ме следи, кој ми ставил лајк или ми ја видел фотографијата, тоа не ме интересира“, додава Сузана.

А на прашањето дали Саша и таа им се лути на Боба и Брена па затоа не дошле на славата, Сузана одговара:

„Сега ќе ви кажам и знајте дека така засекогаш ќе биде. Ние сме кумови, се дружиме, се почитуваме и се сакаме, тоа е така и така ќе биде. Се согласуваме и тука нема никакви проблеми“ – одговара Сузана за српски „Информер“.

Потсетуваме, освен тоа што се кумови, семејствата Поповиќ и Живоиновиќ ја делеа сопственоста на најголемата продукција на нашите простори, „Гранд“, кој пред три години го продадоа и инкасираа 30 милиони евра.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....