20:02 - 12 ноември, 2026

„Не е гордост да имаш родители со пари и бизниси“: Јоце Панов искрено за тешкото детство

Јоце Панов сподели срцепарателна приказна за родителите кои ги загуби како помлад.

„Имав родители со кои ќе се гордеам цел живот. Многумина мислат дека гордост е да имаш успешни родители, со бизниси, со пари и богатство… Но не е така. Вистинска гордост е да имаш родители кои никој не ги колне, родители без ниту една црна дамка зад себе, за кои каде и да се спомнат ќе слушнеш само убав збор, почит и воздишка. Е, јас имав такви родители. Затоа сум ГОРД СИН на моите ДИМИТАР И ВАСИЛКА. Нека ви е вечна слава и светол спомен“, сподели пејачот на Фејсбук.


Во претходно интервју кое го реобјави Вики.мк, Панов се потсети дека мајка му одвојувала од уста за да ги изгледа него, брат му и сетсра му кога починал татко им.

„Татко ми почина кога имав 11 години. Во тоа време, брат ми имаше осум, а сестра ми само една година. Мајка ми работеше како дактилограф, потоа во администарција во една фирма. Во времето на приватизацијата, таа остана без работа. Тешки времиња беа, јас бев на факултет, таа одвојуваше од уста за да ме школува. Кога остана без работа, знаејќи колку му е потребна финансиската помош на нашето семејство, ѝ беше претешко. Тоа ја уби. Чистеше станови, работеше сѐ, само за нас. И успеа во тоа, не одгледа, станавме зрели и одговорни луѓе, но инфарктот нѐ пресече сите. Ненадејно ја изгубивме“, раскажал поп-пејачот Јоце Панов во 2018 година.

Панов раскажа и дека само еден месец дена пред да почине мајка му Василка, тој си купил стан во Скопје, а таа успеала да го посети само неколкупати пред смртта.

И во исповед за емисијата „Животна приказна“ пред неколку месеци месеци, Панов раскажа за тешкото детство и младоста.

Јоце тогаш откри дека мајка му починала пред да се роди неговиот син Лука, кој го има со сопругата Марина.

„Многу се грижеше и тоа го правеше на начин за кој мислам дека некој секој би се откажал. Таа беше буквално борец, не знам како да ви ја опишам. Значи, од работата кај што работеше ќе отидеше веднаш на друга работа, на трета работа. Викенди не постоеја, викенди ќе отидеше ќе работи друга работа заради нас“, рече пејачот.

На својот татко, тој му посвети објава пред два месеци.

„Татко мој, имав 11 кога те изгубив, ти имаше само 49. Празнината никогаш не исчезна – само научив да пеам низ неа. Под ѕвездено небо и со твојот лик зад мене, по 30 години ти ја посветив сцената, песната и тишината меѓу нотите. Ако некаде слушаш… се надевам дека се гордееш со мене“, напиша Панов на Фејсбук.

Слични објави

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо

(Фото) „Ти недостасува внимание, мајсторе?“: Мина Костиќ жестоко му одговори на Ѓорѓе Давид откако тој го нарече Каспер дух!

Еспресо

(Фото) „Продолжуваме со нови песни и убави моменти!“ — Благоја Грујовски доби големо признание, честитки пристигнуваат од сите страни

К.С.

Зоран Бирташевиќ од соработката со ЈК заработил 555.000 евра последните три години, а Карлеуша 2,5 милиони

Еспресо

„Не можев да посакам подобро“: Ела Дворник објави снимка со својата ќерка и откри убави вести

Еспресо
Се вчитува....