8.8 C
Скопје
22:28 - 15 март, 2026

НЕ Е ДО ЦЕНАТА: Како да препознаете и купите квалитетно маслиново масло

Ги знаеме здравствените предности на маслиновото масло и секако сакаме да одбереме квалитетен производ за нас. Обично скапите производи ги изедначуваме со квалитетни, но не мора да значи. Може да одбереме висококвалитетно маслиново масло кое има пристојна цена, а може и да го „преплатиме“ не толку квалитетното маслиново масло спакувано во примамлива амбалажа.

Следете ги овие 6 совети како да го препознаете квалитетното маслиново масло и нема да згрешите.

Совет бр 1.

Ова е и најважниот совет сугериран од познавачите на маслиново масло: Квалитетното маслиново масло треба да има силна миризба на маслинки и трева, и да е горчливо по вкус.

Совет бр. 2

Маслата на кои не е наведен рокот на траење најчесто долго стојат на полиците, а тоа им го расипува вкусот. По правило, маслиновото масло не треба да биде постаро од една година.

Совет бр 3. 

При изборот одлучете се за маслиново масло на кое е наведена киселост не поголема од 0,5 отсто. Така ќе бидете сигурни дека маслинките се обработени непосредно по бербата.

Совет бр.4

Најголемите непријатели на маслиновото масло се топлината и светлината што предизвикуваат побрзо расипување. Затоа барајте маслиново масло што е спакувано во темно стаклено шише, а не во пластично. Дома пак претурете го во мало шишенце и чувајте го во шкафот што подалеку од шпоретот или каков било друг извор на топлина и светлина. Останатиот дел од маслиновото масло сместете го на температура од 14 или 15 степени.

Совет бр.5

Најквалитетните маслинови масла доаѓаат од Италија, сега и од Истра (Хрватска). Но сепак, ако купувате италијанско маслиново масло, проверете на етикетата дали тоа навистина е произведено во Италија. Се случува под италијанска етикета производството на маслото да биде во Шпанија или Израел.

Совет бр.6

Пластиката е штетна за чување на маслиновото масло. Па во изборот на квалитетно маслиново масло, може да тргнете токму оттука.

Слични објави

Никол Кидман има необичен ритуал пред Оскарите: Тоа ме приземјува и тоа е она што обично го правам во неделите

Еспресо

Ги отпеа зборовите на љубовницата и ја откри аферата на познат политичар: Југославија зборуваше за шокантното неверство, а хитот на Јасна Злокиќ со години беше забранет

Еспресо

(Фото) Новата објава на Дарко Лазиќ по погребот на неговиот брат е срцепарателна: „Не дозволувајте никој кој не е во вашите чевли…“

apostolova

Тони Цетински покрај богатата кариера има и богат љубовен живот: Трипати кажал „да“

Еспресо

„Ѝ посакувам…“ Поранешната снаа на Зорица Брунцлик проговори за здравјето на пејачката: „Таа е баба на моите деца“

Еспресо

Овие 5 хороскопски знаци имаат највисока емоционална интелигенција

Еспресо
Се вчитува....