9.8 C
Скопје
21:29 - 19 февруари, 2026

Навистина е „Поинаку“ во Битола – ќе се отвори „Хачико“ по 30 години чекање

„Хачико“ – така ќе се вика прифатилиштето за бездомни животни што со одлука на Советот на Општина Битола ќе се отвори во овој град.

Оваа преубава вест ја соопшти на социјалните мрежи претседателката на Советот Габриела Илиевска.

Локацијата на прифатилиштето е во рамки на земјоделското училиште во Битола, каде се извршени и сите теренски подготовки.

„За оние кои не ја знаат приказната за Хачико, тоа е куче од расата Акита, кое секој ден во текот на цели 10 години го чекало својот сопственик на железничката станица во Токио кој за жал починал, а на ова место тие двајца последно се разделиле. Токму оваа верност, истрајност е потсетник за сите нас дека Битола цели 30 години чека прифатилиште за бездомни животни. 30 години, апсолутно ни една локална самоуправа не покренала никаква иницијатива за решавање на овој проблем! И после сите политички игри, ширење на хистерија, обвинувања и лаги, денес со гордост можам да кажам дека нашата верност кон вас, преточена од приказната на ХАЧИКО, станува реалност“, вели Илиевска.

Таа најави донација во вредност од 600.000 денари од „The Bibevski Foundation“ за изработка на ограда.

„ За краток период ќе завршат градежните работи за надворешниот дел од прифатилиштето и во рок од 30 дена очекуваме дозвола од Агенција за храна и ветеринарство. Дозвола која никогаш ја немала Битола. Наредна година со следниот буџет за 2023 година обезбедени 40 милиони за изградба на целиот објект. Верни кон нашите сограѓани битолчани, Битола можи ПОИНАКУ!” – објави Илиевска.

Згрижувањето и обезбедување на хуман третман на бездомните животни во првата година од мандатот беше еден од приоритетните проекти на граѓанската иницијатива „Поинаку“, недостаток на градот и проблем за голем број на битолчани.

 

Слични објави

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо

Ана Николиќ се пресели во хотел, еве што се случува во нејзиниот стан од 500.000 евра

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Естетска корекција на уши

Еспресо
Се вчитува....