13.8 C
Скопје
09:30 - 15 мај, 2024

Натрпеварувачот во „Ѕвезде Гранда“ со нови тврдења: „На Поповиќ гледав како на татко, а тој бил поврзан со Снежана“

Снежана Ѓуришиќ најави тужба против учесникот на натпреварот „Ѕвезде Гранда“, Душан Вукадиновиќ, откако изјавил дека пејачката барала пари од мајка му за тој да се пласира во следниот круг на натпреварувањето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Snezana.Djurisic (@snezana.djurisic_)

-Не се плашам од никого, ниту од таа тужба, се плашам само од Господ, но мислам дека нема да ме тужат, затоа што ќе изгубат. И јас и мајка ми имаме докази – започнува Душан и додава:

– Нека тужи. Треба ли јас да молчам ако некој ме рекетира? Мајка ми ми кажа што се случи кога дојдовме во Црна Гора, да дознаев таму ќе направев хаос. Ова е конфликт помеѓу мене и Снежана, јас неа треба да ја тужам.

Вукадиновиќ додава дека никој не му се јавил од Гранд, признава кој најмногу го разочарал и зошто, и го открива својот мотив за излегување во јавноста.

– Никој не ми се јави од продукцијата, бидејќи знаат дека сум во право. Снежана и Саша многу ме разочараа. На Поповиќ гледав како на татко, а тој сигурно беше поврзан со Снежана и знаеше што ме чека. Со мајка ми видовме што се случува таму, можеби после ова некој нема да се пријави, иако не ми е важно дали ќе се пријави. Нема да се откажам од пеењето, целосно сум чист и нема да се откажам затоа што пеам одлично.

Инаку, за целиот скандал се огласи и поранешниот директор на „Гранд“ продукција Саша Поповиќ кој рече дека Душан ја измислил целата приказна.

– Дамка нема да остане на „Ѕвезде Гранда“, бидејќи тоа апсолутно не е точно. Да не беше смешно ќе беше тажно. Снежана Ѓуришиќ е 10 години во жирито на „Ѕвезде Гранда“. Да ја обвини некој дека бара пари за дечкото да помине е голема глупост. Снежана ми се јави веднаш по првиот текст, моментално е во Италија и доаѓа во сабота. Ме праша дали е можно такви луѓе да измислуваат такви работи. Ова е прв пат по 20 години некој да каже дека член на жирито бара пари за да продолжи понатаму – започна Поповиќ и додаде:

– Тоа момче беше на аудиција во Подгорица и јас го пуштив на самото натпреварување бидејќи мислев дека е добро. Иако сега го гледав видеото од аудицијата во Подгорица каде постојано нешто му се заглавуваше во грлото додека пееше. Тогаш го прашав што не е во ред со твојот глас, Душан. Ми кажа дека бил болен пред три дена и му кажав дека е добар и дека ќе оди на натпревар. Дојде првиот круг и тој доби пет гласа. Ја избра Снежана за менторка, која со задоволство го прифати Душан – истакна тој.

Слични објави

(Видео) Спектакуларен огномет за прославата на третиот внук на Цеца: Синоќа се славеше во домот на Ражнатовиќ

еспресо

(Фото) За едни „морничав“, за други модерен: Кралот Чарлс Трети го откри својот прв портрет од крунисувањето

еспресо

Астропрогноза за среда, 15 мај: Одлична понуда за лавовите, пари за биковите

еспресо

Бејби Лазања влезе на британската топ листа: Само еден хрватски уметник успеал во тоа

еспресо

Мерил Стрип ја доби почесната Златна палма на отворањето на Канскиот филмски фестивал: „Толку сум среќна што не сте уморни од моето лице“

еспресо

(Фото) Прва фотографија од третиот внук на Цеца, се огласи Анастасија Ражнатовиќ: „Срце теткино“

еспресо
Се вчитува....