5.8 C
Скопје
01:32 - 21 февруари, 2026

Наташа Беквалац со солзи во очите прозборе за трите пропаднати брака: Го нарушив угледот и бурно реагирав

Пејачката Наташа Беквалац се наврати на нејзините три брака од кои си замина поради несогласувања со партнерите и, како што вели, шаблонот на машко-женските односи кој постојано се повторувал. Таа зборуваше и за нејзиното бегство од родителите, тема која особено ја погоди и не можеше да ги задржи солзите, па ја напушти емисијата.

-Разбирливо е еднаш да згрешиш, но јас три пати влегов во идентичен модел. Мојот избор на мажи беше сличен со енергијата на татко ми затоа што веројатно се враќав во комфорната зона во однос на машката фигура – започна Беквалац во емисијата „На терапија со Славица Ѓукиќ Дејановиќ“.

-Никогаш не би можела да живеам како мајка ми и затоа се разведував. Да останев во некој од тие три брака, сите ќе личеа на бракот на моите родители. Не велам ништо лошо за нивната врска, но тоа едноставно не е моја шолја чај. Тие создадоа однос што им одговара, но тоа е однос во каков што јас не можам да се замислам – рече пејачката додавајќи дека се мажела во налет на љубов и слепило.

-Јас навистина влегував во такви односи. По кратки врски влегував во бракови – објасни таа и се присети на една од најголемите грешки во животот, која, како што самата признава, ја направила во знак на протест против родителите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva)

-Склона сум кон бурни реакции и грешки токму поради тој авторитет. Најголемата грешка што ја направив беше на крајот од четврта година средно, кога побегнав од дома, но не поради љубовта кон тоа момче, како што зборуваа луѓето и пишуваа медиумите, туку од желба да покажам дека можам да бидам свој човек – рече таа, а потоа додаде дека била преплашена и немала план, туку само сакала да избега.

Тоа оставило голема трага врз неа и од Белград во Нови Сад се вратила како сосем нова личност и продолжила да живее сама.

-Не сакав да им нанесам болка на моите родители – низ солзи рече таа.

-Моите родители многу се грижеа за угледот и ме нервираше тоа што понекогаш беше поважно како ќе биде прикажано нашето семејство отколку како навистина живееме. Уживав во тоа зашто со заминувањето го нарушив угледот на моето семејство. Се казнив себеси, а не нив, но тоа беше мојот начин во тој момент – заклучи Беквалац и ја прекина емисијата зашто емоциите сепак беа пресилни за неа.

Слични објави

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо

(Фото) Девојката со крилја е бремена, го очекува второто дете! 

Еспресо
Се вчитува....