13:07 - 13 ноември, 2026

Наташа Беквалац откри со што се бори секојдневно: „Доста ми е од лажен живот“

Пејачката Наташа Беквалац отворено проговори за својот живот, кариера и личните борби, истакнувајќи дека денес најважен ѝ е мирот. Во емотивна исповед, откри дека со години живеела според очекувањата на другите, наместо според сопствените желби.

„Мене суштински ми е доста од сè. Особено од лажниот живот и од тоа што најголемиот дел од мојот живот, прво поради родителите, а потоа поради обрасците во кои живеевме…“ започна пејачката.

Наташа призна дека често се однесувала спротивно на тоа што го чувствува, само за да се вклопи во туѓите очекувања.

„Постојано се огледаш во очите на другите луѓе. Толку многу работи направив на своја штета, само за да им угодам на другите или затоа што мислев дека така повеќе ќе им се допаднам. Буквално самата на себе си нанесував рани“, искрено рече таа.

Денес, додава, не дозволува ништо да ја оддалечи од нејзиниот внатрешен мир и од приоритетите.

„Сега, после целиот пат низ кој ме однесе животот, навистина не можам да размислувам што ќе каже кој било. Кога ќе размислам подобро – најмногу ме сакале кога сум била најнесреќна, а кога ми беше супер, најмногу ме осудуваа. Затоа сега сакам само да си ја работам мојата работа во мир, целосно ослободена, и да ги одгледувам моите деца“, изјавила Беквалац.

Слични објави

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova
Се вчитува....