15.8 C
Скопје
18:58 - 10 април, 2026

Наскоро на Нетфликс филм за Џеј Ло: Сакам да понудам содржина, а не само да си го тресам задникот

Автобиографскиот филм за Џенифер Лопез, „Halftime“ излегува на 14 јуни на Нетфликс. Објавен е трејлер од кој може да се види дека заплетот на филмот ќе открие многу за нејзиниот настап на SuperBowl 2020, по што светската пандемија не затвори во нашите домови.

„Сè за што работев во филмовите, музиката и модата штотуку почнува да се случува“, рече Лопез, мислејќи на номинацијата за Златен глобус за нејзината улога во „Халстер“.

Но, ова се само дел од признанијата што таа ги доби таа година. Таа ја доби наградата за модна икона на CFDA и го „урна“ интернетот откако прошета по пистата на модната недела во Милано облечена во култниот фустан на Версаче.

– Живеев во очите на јавноста и верував во многу работи што ги кажаа. Имав многу ниска самодоверба. Навистина морав да сфатам која сум и да верувам во тоа, а не да верувам во нешто друго – искрена е Лопез.

– Ова го правам, не за награда. Работам да се поврзам со луѓето и да ги натерам да чувствуваат нешта затоа што сакам да почувствуват нешто“, вели таа, додавајќи дека била многу нервозна пред да настапи на Супер Боул.

„Се обидувам да понудам нешто содржајно, а не само да го тресам задникот“, изјави Лопез за магазинот „Гламур“.

– Цел живот се борам да ме слушнат, да ме видат – заклучи таа најавувајќи го документарецот.

Слични објави

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.

Никогаш не го заборави: Брена со емотивна приказна за Лепи Бора

msp-admin
Се вчитува....