7.8 C
Скопје
10:05 - 1 април, 2026

Актерот Вилијам Шатнер ќе лета во вселената следната недела на 90 години

вилијам шатнер

Денес официјално потврдија дека актерот Вилијам Шатнер ќе замине во вселената во следното полетување на ракетата „Blue Origin“ на основачот на „Amazon“, Џеф Безос, пренесува „Daily Mail“. Патувањето е закажано за 12 октомври.

90-годишниот актер, најпознат по улогата на капетан Џејмс Кирк во серијата „Ѕвездени патеки“, на тој начин ќе стане најстариот патник во вселената. Покрај Шатнер, во екипажот ќе бидат Одри Пауерс, потпретседател на „Blue Origin“ и Крис Бошуизен и Глен де Врис.

„Слушам за универзумот веќе многу долго. Ќе ја искористам можноста да го посетам лично. Какво чудо“, рече актерот во изјава за странските медиуми.

Пред Шатнер, најстарата патничка во вселената беше 82-годишната Воли Фанк, а пред неа, најстариот посетител во вселената беше 77-годишниот Американец Џон Глен.

Слични објави

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо
Се вчитува....