7.8 C
Скопје
01:45 - 31 март, 2026

(Фото) Најљубовната порака од Димитар до Сара Мејс со посебен повод

Најљубовна порака јавно ѝ ја испрати Димитар Атанасовски на Сара Мејс, неговата сопруга, а поводот е нејзиниот роденден.

Водителот и ко-сопственик на маркетинг агенција и харфисткаата и пејачка се во брак од 2017 година и имаат две деца, Илина и Кирил со кои често патуваат, играат друштвени игри и поминуваат време во природа.

Кога прославија пет години брак, Сара на Димитар му напиша љубовна порака на својот инстаграм-профил: „100 пати да се родам, 100 пати ќе те најдам“, напиша Сара до фотографиите.

Пејачката вчера прославила роденден, и ѝ честитале многумина меѓу кои и Тамара Тодевска која напишала: „Среќен роденден блесава една“, а ѝ честитал и нејзиниот брат, како и Александар Тарабунов. А најљубовната честитка, Сара ја добила од сопругот:

„Среќен роденден на нашата кралица, најсекси мама, мојата сродна душа, најинспиративната животна партнерка. Знаеш сè што ти посакуваме“, стои во честитката со неколку семејни фотографии.

 

 

 

 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....