9.8 C
Скопје
13:33 - 27 март, 2026

„На таа љубов не се навраќам често“: Теа Трајковска откри интимна приказна

Пејачката Теа Трајковска откри интимна љубовна приказна која ѝ се случила и откри колку е сега сменета во карактерот од времето кога била помлада.

Теа неодамна ја сними песната „22“ и сподели дека приказната е автобиографска.

„Да, приказната е лична, конкретна и инспирирана од една моја стара љубов која веќе е далечно минато. Искрено, не е нешто на кое често се навраќам, и ’22’ како песна ја доживувам како едно зрело, носталгично сеќавање и како поглавје што го затвораш со разбирање, а не со тага. Ја имаме со Лазар Цветкоски, мојот продуцент, веќе 3 години и некако чекав да го почувствувам правиот момент за да ја слушнат и сите други и да излезе од нашиот микрокосмос“, рече Теа во интервју за „Фемина“.

Потоа, пејачката сподели дека оттогаш е можеби сменета, ама суштината е иста.

„Дефинитивно сум помалку импулсивна и многу посилна. Тогаш живеев повеќе во самата емоција, а сега знам да застанам, да ја разберам и да се прашам зошто нешто ме допира на одреден начин. Сè уште сакам силно и искрено, само со малку повеќе свесност и „памет во глава“, рече пејачкта.

Слични објави

Луна Ѓогани ѝ се обрати на Анастасија по години молк: „Можеби и јас ја повредив“

Еспресо

(Фото) Биба Додева во сексапилно издание, ваква не ја знаеме

Еспресо

Каспер „копа“ по минатото на Мина Костиќ: Побарал фотографии од сестра ѝ во Белгија

Еспресо

Јордан Митев сподели убави вести: Конечно се случува!

msp-admin

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо

Херојски подвиг: Саша Ковачевиќ му помогна на човек по сообраќајна несреќа

Еспресо
Се вчитува....