18:17 - 11 ноември, 2026

„Многу ми е жал…“: Прво огласување на Мина Костиќ по пеколот низ кој помина и сместувањето во психијатриска клиника

Пејачката Мина Костиќ неодамна беше пуштена од психијатриската клиника „Лаза Лазаревиќ“, каде што помина 23 дена и оттогаш јавно не се огласуваше.

Соседите велат дека Мина Костиќ не го напуштила станот откако пристигнала од болница, а пејачката кратко потоа отиде на одмор со свршеникот Мане Ќурувија Каспер.

Многумина се прашуваа што се случило, со оглед на тоа што Мина била донесена во болница под полициска придружба откако покажала знаци на агресија, но пејачката никогаш не зборуваше за тоа јавно. По повеќе од две недели, таа одлучи да се огласи и да продолжи да споделува објави на социјалните мрежи.

Таа сега објавила интервју со својата постара колешка Станојка Митровиќ Ќана која зборувала за Мина и за сè што ѝ се случило, давајќи ѝ поддршка.

– Многу ми е жал, но среќна сум што гледам дека излегла од сето тоа и ја видов фотографијата дека е на море со Каспер. Мило ми е што тој човек покажа во нејзините најтешки моменти дека е со неа, тоа е голема работа. Ѝ пишав, но нејзиниот телефон… Ѝ пишав како поддршка, но гледам дека пораката не е отворена – рекла Ќана за „Хајп“, па одговорила на прашањето дали мисли дека ова е нејзината вистинска љубов.

– Не сум видела некој друг што се потрудил да ѝ помогне од тие нејзините поранешни. Го видов само него, човекот ја посетуваше, допатува од толку далеку за да дојде тука. Тој не само што беше таму додека таа беше во болница, туку дури и ја однесе на море, што сега ѝ е неопходно – истакнала пејачката.

Мина била трогната од овие зборови, па напишала и коментар:

– Ти благодарам, драги моја Ќано. Многу ми значат твоите зборови и искрената поддршка – додала Мина Костиќ со објавата во која исто така пишувало: „Конечно некој нормален, со нормално размислување и коментирање“.

 

Слични објави

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо

(Фото) Од сомнеж за лажен профил до свадба на Санторини — „македонската Барби“ раскажа како го запознала сопругот

apostolova

Ива Бојановиќ без влакна на јазикот за помладиот дечко на Дара Бубамара: „Како да му е другар на син ми, не би можела!“

Еспресо

(Видео) Мина Костиќ им возврати на колегите по обвинувањата за кражба: „Љубомората е чудо!“

Еспресо

(Фото) Бресквица сподели романтични кадри со партнерот од Дубаи – пејачката блеска на ноќно излегување

Еспресо

(Фото) Ќерката на Даниел Кајмакоски наполни две години, за роденденот си доби торта со Том и Џери

К.С.
Се вчитува....