18.8 C
Скопје
11:27 - 1 октомври, 2026

(Фото) Младата девојка на Винсент Касел објави дека е бремена: Ќерките на Моника Белучи ќе добијат братче или сестричка

57-годишниот француски актер Винсент Касел ќе стане татко по четврти пат. Веста за бременоста на неговата млада девојка ја сподели самата таа, 27-годишниот  бразилскиот модел Нара Баптиста.

На фотографијата младата љубовница на Касел позираше во црн долг фустан, кој го истакна нејзиниот видно заоблен стомак.

„Мама те чека“, напиша Баптиста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by N A R A H (@narahbaptista)

Во коментарите, следбениците на Нара почнаа активно да ѝ честитаат.

„Нема поголема среќа, со нетрпение го очекувам твојот нов изглед“, „О Боже“, „Плачам“, пишуваат пријателите и обожавателите на бремената манекенка.

Винсент Касел и неговата млада девојка, чија афера стана позната есента 2023 година, ретко излегуваат заедно во јавност. Во пролетта 2023 година, актерот се разведе од манекенката Тина Кунаки по пет години брак. Тие имаат мала ќеркичка Амазонија, која не е прикажана воопшто во јавност.

Италијанската актерка Моника Белучи на Винсент му роди уште две деца Дева и Леони. Поранешниот пар остана во добри односи, судејќи по тоа што Нара реагира на речиси сите објави на Моника на социјалните мрежи.

Баптиста (27) е родена во Бразил, а извесно време живеела во Австралија, каде што ја започнала својата манекенска кариера. Таа учествуваше на натпреварот за Мис Универзум, претставувајќи ја земјата. Саканата на Касел беше меѓу 15-те најубави учеснички.

 

Слични објави

Урната куќата на Весна Змијанац во Ковачи: Соседите откриваат што се гради на нејзино место

Еспресо

(Фото) Сè „пука“ од страст – Сара Јо ужива во прегратките со Алексеј Бјелогрлиќ

Еспресо

Две едноставни состојки прават голема разлика — рецепт за најкремастата палента

Еспресо

Дневен хороскоп за 1 октомври: Трпението конечно ќе ви се исплати

apostolova

Сопругата на Ѓани е во болница поради влошено здравје: „Губи многу крв“

Еспресо

(Фото) „Го виде целото мое тело, те сакам“: Славење во домот на Луна Ѓогани и Марко

Еспресо
Се вчитува....