04:18 - 11 април, 2026

Мистериозниот дечко на Дара Бубамара со приватен авион пристигна во Црна Гора од Дубаи

Пејачката Дара Бубамара синоќа имаше настап во Црна Гора, на кој пристигна и нејзиниот дечко Владан, и тоа со приватен авион од Дубаи, пренесе српски Информер.

Дечкото на пејачката, кој е 24 години помлад од неа, ја искористи приликата да помине време со Дара, бидејќи таа ќе престојува во Црна Гора уште некое време, каде што има закажано уште два настапа.

Успешниот бизнисмен од Дубаи, за кого пејачката годинава планира да се омажи, пристигна директно на нејзиниот настап и тоа со приватен авион, само за да биде покрај неа за време на престојот на приморјето.

Во клубот, каде што пејачката настапуваше, сите погледи беа вперени кон неа, но и кон мистериозниот партнер кој цело време беше во нејзина близина. Не го симнуваше погледот од Дара додека редеше хитови и ја доведуваше атмосферата до врв, а околу него имаше лично приватно обезбедување кое дискретно го следеше секој негов чекор, пренесува Информер.

Слични објави

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.
Се вчитува....