Поминаа 10 години од монструозното убиство на српската пејачка Јелена Марјановиќ, а ниту денес не се знае кој го извршил убиството, како ниту кој бил мотивот.
Сопругот на Јелена, Зоран Марјановиќ, првостепено беше обвинет и осуден на 40 години затвор, но по 14 месеци затвор, тој беше ослободен во 2023 година. Апелациониот суд соопшто дека изречената пресуда и дадените причини се нејасни и неразбирливи. Нему и понатаму му се суди.
Иако помина толку време, убиството на Јелена Марјановиќ е сè уште еден од најследените и најконтроверзни случаи во поновата српска историја.
Да потсетиме, Зоран Марјановиќ исчезнувањето на својата сопруга го пријавил на 2 април пред 20:00 часот, тврдејќи дека таа исчезнала додека тој бил со нивната тогаш петгодишна ќерка. Следувала обемна потрага во која учествувале полицијата, жандармеријата и граѓаните.
Потрагата трагично била завршена следниот ден, 3 април, кога телото на Јелена било пронајдена во канал полн со вода, недалеку од местото каде што наводно последен пат била видена. Прво бил пронајден мобилниот телефон на Јелена, а потоа и нејзиното тело.
Според зборовите на нејзиниот сопруг, Јелена Марјановиќ тргнала на трчењњ, а тој по извесно време, колку што ѝ требало да се оддалечи, тргнал по неа. Во меѓувреме, тој си играл со ќерката, а кога тргнале да се сретнат со Јелена, неа ја немало. Ја барал на насипот, но не успеал да ја пронајде.
Нејзиното тело било пронајдено следниот ден во каналот покрај насипот, а со обдукцијата било утврдено дека смртта настапила по неколку удари во главата со тап предмет, најверојатно чекан. Исто така, било утврдено дека Јелена е убиена на 2 април помеѓу 16:30 и 17:00 часот.
