9.8 C
Скопје
08:27 - 28 септември, 2026

Мишо Ковач го слави својот 82 роденден, позната песната на Реј Чарлс била судбинска – наместо тапетар стана легенда

Мишо Ковач денеска го слави својот 82 роденден. Легендарниот Мишо пораснал во скромно семејство со братот Ратко и сестрата Бланка.

Работата како тапетар требало да ја одреди професијата во неговиот живот, но, на еден натпревар за таленти во Карловац, со песната”I can’t stop loving you” на Реј Чарлс, доживеал голем успех, па така го одредил животниот, а и естрадниот пат.

Хитот со кој се издигнал помеѓу најуспешните пејачи на забавна музика некогаш гледани на сите простори на поранешна Југославија, беше песната “Više se nećeš vratiti”, победничка песна на некогашниот популарен сараевски фестивал “Vaš šlager sezone” (1969), дело на тогашниот млад композитор и текстописец Ѓорѓе Новковиќ.

Тој сингл е продаден во пола милион примероци, а сорабтоката со Новковиќ го обележала скоро целиот опус на Ковач, и е продолжена понатаму, сè до изненадната смрт на Новковиќ, 2007 година. Во 1971 го освојува сплитскиот фестивал со песната на Стефан Михаљинац “Proplakat će zora”, кој сингл, исто така е продаден во пола милион примероциu, и дефинивно се зацврстува на престолот на најпопуларен пејач на поранешните југословенски простори, а и покрај годините, неговата популарност и до ден денес не е избледена.

По 1980тата и победата во Сплит со песната “Dobra ti večer mati moja” долги години не настапува на ниеден фестивал.

Пејач е со далеку најмногу продадени плочи и (и останати медиуми) на забавна музика во поранешна Југославија, а за Хрватска не станува ни збор.

Заедно со Раде Шербеџија во филмот “Poslijepodne jednog fazana” ги вкусил и филмските води.

Пет пати е прогласуван за пејач на годината, а во 1989 година е прогласен за личност на годината во поранешна Југославија.

Од сопругата Љубица се разведува после четири години брак, па во 1973 се венчава со сплиќанката Анита Батурина, Мис на Југославија, со која во 1975 година го добива синот Еди, а две години подоцна и ќерката Ивана.

Слични објави

(Видео) Песна на Весна Змијанац крие голема трагедија — вистинската приказна зад еден од нејзините најголеми хитови

Еспресо

Алка Вуица призна дека била љубовница: „Понижувачки е за една жена, мислите дека ќе излезете неповредени, но не можете“

Еспресо

(Фото) Цеце Николова покажа како ја одржува одличната форма: „Затоа сум толку радосна“

Еспресо

Кога срцето ја гледа вистината што сака да ја види: Полната Месечина во Овен носи судир меѓу желбата и реалноста

Т.Ц.

(Фото+видео) 11 бањи, 8 спални соби, кино, базен… Ѕирнете во импозантната вила на српската тенисерка Јелена Јанковиќ вредна 13,5 милиони долари!

Еспресо

(Фото) „Блазе си ти колку добро изгледаш“: Сопругата на Дарко Лазиќ откри од што се откажува за да ја одржува формата

Еспресо
Се вчитува....