5.8 C
Скопје
06:58 - 1 април, 2026

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Мирослав Илиќ неодамна призна како го погодила смртта на неговите пријатели и врсници, додавајќи дека „спремил сидро и дека ништо не трае вечно“.

Пејачот зборуваше и за неговите внуци, кои се многу приврзани за него, како и за крајот на својата кариера.

„Многу сум реален. Мојот брод го водам кон пристаништето. Спремив сидро, нема голема филозофија во тоа. Ништо не е вечно. Ако утре некој ми каже: ‘Мирославе, закачи ги ракавиците на клинот’, би се помирил со тоа, немам проблем. Години наназад се подготвувам за тој момент, не сум магаре да не знам што ме чека“, рече Мирослав.

Тој додаде:

„За жал, во последните години останав без многу свои соборци од периодот што го нарекувам златен период на музиката на овие простори. Тоа навистина ме погоди. Животот…“

Илиќ откри и како неговите внуци се однесуваат кон него и неговите години:

„Ме охрабруваат. Кажуваат: ‘Дедо, не се предавај!’ Тоа се моите херои. Не постојат пари со кои некој можел да ме одвои од дома за Божиќ и куќната слава. Тогаш никогаш не работев, тоа е резервирано за дома. Сопругата, инаку, е дете на свештеник и кај нас тоа е традиција. Нејзиниот дедо бил свештеник, а и покојниот брат бил свештеник. Таа е задолжена за сè“, заклучи пејачот во разговорот за Курир.

Илиќ еднаш призна дека месечно му се потребни околу 3.000 евра за да преживее.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....