12:58 - 13 ноември, 2026

Миранда Кер и милијардерот Еван Шпигел чекаат принова: „Многу сум возбудена за бебето број четири“

Поранешниот модел на Викторија Сикрет, Миранда Кер (40) е бремена со милијардерот Еван Шпигел (33). Заедно имаат два сина, Мајлс (3) и Харт (5).

Таа на Инстаграм објави дека ќе сподели возбудливата вест која подоцна ја откри на Снепчет.

Манекенката откри дека очекуваат уште еден син. На фотографијата која ја сподели со своите следбеници се гледаат четири пара тениски чевли, па Миранда навести дека доаѓа нов член во семејството. Ова и е четврто дете, го има и 12-годишен син Флин од бракот со Орландо Блум.

„Многу сум возбудена што можам да го објавам бебето број четири“, напиша Миранда.

За потсетување, Миранда и основачот на Снапчет се венчаа во 2017 година. Шпигел во 2015 година беше најмладиот милијардер во светот, токму преку социјалната мрежа што ја основа.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miranda (@mirandakerr)

Слични објави

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.
Се вчитува....