12.8 C
Скопје
18:34 - 17 октомври, 2026

Мина најави дека ќе оди на вештачко оплодување и откри интимни детали: Еве како нејзината ќерка се согласува со Каспер

За врската на пејачката Мина Костиќ и Манет Ќурувија – Каспер, која првите шест месеци се одвиваше само онлајн, и понатаму многу се зборува. Тој се врати од Србија во Америка, каде што живее подолг период, а Мина не крие дека силно посакува да му роди дете, иако годинава полни 51 година.

Мина откри дека уште од самиот почеток знаела дека сака дете со него, а особено ѝ било важно тоа што нејзината ќерка Анастасија има одличен однос со Каспер.

„Веднаш знаев дека сакам дете со него. Мојата Анастасија, фала му на Бога, има татко, но таа има навистина прекрасен однос со Каспер и тоа ми беше многу важно“, изјави Мина Костиќ.

Таа додаде дека Каспер многу ги сака децата и дека нема свои, па токму затоа сака да му ја исполни таа желба.

„Тој многу сака деца и нема свои, а јас ќе му родам дете. Тој е последниот Ќурувија во своето семејство, така што ќе му родам едно дете. Веќе активно работиме на тоа“, откри пејачката во емисијата „Магазин Ин“.

Мина неодамна најави дека ќе оди на вештачко оплодување и дека се надева на чудо.

„Бог секогаш ми ги услишува молитвите и се надевам дека и овој пат ќе се случи чудо. Искрено, и двајцата многу го сакаме тоа. Особено тој. Јас, секако, имам ќерка Анастасија, тоа сите го знаат“, рече Мина.

Таа додаде дека, доколку не успее природно, ќе се одлучи за медицинска постапка.

„Ако не оди вака, постои вештачко оплодување и тоа ќе го направам. Навистина би сакала да му родам дете, бидејќи така тој целосно би се исполнил“, изјави Мина за Адриа ТВ.

„Ние сме сродни души“

Мина истакнува дека не обрнува внимание на коментарите од јавноста и дека со партнерот ужива во секојдневните мали работи.

„Луѓето пишуваат сè и сешто за нас, а ние се смееме толку многу што нè боли стомакот. Си правиме кафе, пиеме вода, гледаме цртани, руски бајки, наши серии и филмови, ние се најдовме, сродни души и тоа е тоа!“, порача Мина.

Слични објави

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ ракажа се за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо

Марија и Бојан од „Ај кју“ брзо ќе станат родители: Со мојата љубов и нашето бебе

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova
Се вчитува....