21:59 - 22 јануари, 2026

Мина Костиќ за трагичната смрт на сестра ѝ: „Кога ја видов модра, посакав да си го одземам животот“

Пејачката Мина Костиќ имала исклучително тежок живот, а неодамна јавно проговори за семејната трагедија што засекогаш ја обележала – смртта на нејзината помлада сестра.

„Сестра ми се викаше Нада и имаше само 13 години. Најтешкото е што јас во тој период секоја вечер пеев на истиот сплав. Тој ден јас бев на Ада со друштво, а таа со другарки. Влегла во вода и ја повлекол вир. Дојдоа да ни кажат дека мораме веднаш дома, дека ѝ се случило нешто на сестра ми. Кога ја видов модра, бев во шок. Не можев ни да плачам, ми беше премногу тешко“, раскажа Мина со солзи во очите.

Таа откри и дека по трагедијата за првпат во животот направила подолга пауза од настапи.

„Еден месец не работев, што никогаш дотогаш не ми се случило. Но морав да продолжам, од нешто требаше да живееме. Тогаш за првпат помислив да си го одземам животот. Сепак, знаев дека со тоа би им нанела огромна болка на родителите и дека би направила грев. Се обвинувам себеси што тој ден бев на тој сплав“, изјави пејачката во интервју за „Хајп“.

Мина неодамна зборуваше и за семејните тајни и односот со жената која ја одгледувала, признавајќи дека со години живеела во заблуда дека е посвоена, но дека најважно ѝ е што љубовта од родителите и браќата и сестрите никогаш не ѝ била ускратена.

Слични објави

(Фото) Погледнете ја секси сопругата на Горан Иванишевиќ, во бикини на минус температури!

Еспресо

Познати местото и времето на погребот на Сенка Велетанлиќ

E.A.

Слоба Васиќ ослабе 50 килограми: Најновата фотка ги изненади фановите

E.A.

(Видео) Ѕирнете во собата на Колинда Грабар-Китаровиќ на Антарктикот: Оваа авантури чини 17.000 евра!

Еспресо

Драмата во семејството Карлеуша–Тошиќ продолжува: Се огласи адвокатот на Душко, парите од алиментациите се исплатени 

E.A.

(Фото) Едита откри што ја мачи на почетокот од бременоста: „Зошто сум толку ненаситна?!“

Еспресо
Се вчитува....