7.8 C
Скопје
23:42 - 31 март, 2026

Мина Костиќ со шокантна изјава: „Таа жена никогаш не ме посвои, само ме користеше за пари и ми фрлаше црни магии“

Пејачката Мина Костиќ со години тврдеше дека е посвоена на петгодишна возраст и дека ја одгледала Евдокија Дуда Ивановиќ – тетка на раперот Ѓус. Но, пред извесно време таа излезе пред камери и ја шокираше јавноста со признание: „Сè беше лага – Дуда никогаш не ме посвои, само ме користеше за пари и ми фрлаше црна магија!“

Во мај годинава Мина изнесе и тешки обвинувања – дека Дуда и нејзиниот сопруг ја ограбиле, па дури ѝ ја одзеле цела зграда што ја градела со покојниот Џеј.

Иако Костиќ изјавуваше дека била покрај Дуда до последниот ден, ја посетувала во домот и на крај ја ѝ организирала погреб, вистината е шокантна: гробот на Евдокија Ивановиќ, која почина во 2019 година, и денес – шест години подоцна – е необележан.

Нашата екипа, по неколку часа потрага на Ново гробље во Белград, го пронајде местото – во семејната гробница Ивановиќ. Но на споменикот нема никакво име, ниту фотографија.

Иако во документите стои каде е погребана, на споменикот не постои трага од нејзиното име. Ниту Мина Костиќ, ниту нејзиниот братучед Ѓус не се погрижиле местото да биде обележано.

Коментарите во јавноста се сурови: дали навистина една жена која целиот живот го посветила на семејството заслужува да биде избришана како да никогаш не постоела?

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....