11.8 C
Скопје
13:49 - 19 февруари, 2026

Милион долари за прстенот на убиениот рапер, Тупак го носеше пред да биде застрелан

Златниот прстен со рубин и дијаманти во форма на круна кој славниот рапер Тупак Шакур го носеше на своето последно појавување во јавноста е продаден за милион долари на наддавање во Њујорк во вторникот.

Добитната понуда беше значитело повисока од процените на аукциската куќа Sotheby’s меѓу 200.000 и 300.000 долари и стана највредниот продаден хип-хоп артефакт.

Американскиот рапер го носеше овој прстен на своето последно јавно појавување на доделувањето на музичките награди MTV Video Music Awards на 4-ти септември 1996 година. Само неколку дена подоцна, на 13-ти септември, раперот беше убиен од неидентификуван напаѓач во пукање од возило во движење во Лас Вегас. Имаше само 25 години.

Шакур, кој меѓу другите стана познат и по хитот „California Love“, го дизајнирал прстенот во текот на неколку месеци, објавија од Sotheby’s. Во тоа му помогнала кумата Јаасмин Фула која сега и го стави прстенот на продажба.

Шакур бил под влијание на политичкиот манифест „Владетел“ на италијанскиот филозоф Николо Макијаввели од XVI век. Го прочитал додека бил во затвор поради обвинувања за сексуално злоставување. Го дизајнирал прстенот според примерот на круните на средновековните европски кралеви, додаваат од Sotheby’s.

На прстенот е вгравирано „Pac & Dada 1996.” што се однесува на неговата девојка Кидада Џонс. Златниот прстен во форма на круна, исто така, е опточен со помали дијаманти, а во центарот се наоаѓа небрусен рубин кој го опкружуваат два брусени дијаманта.

Продажбата беше дел од наменска хип-хоп аукција со којашто се одбележуваат 50 години од појавата на овој жанр во август годинава.

Шакур се смета за еден од најголемите рапери на сите времиња со продадени 75 милиони носачи на звук. Беше централната фигура на хип-хоп сцената на американскиот Западен брег чие седиште беше во Лос Анџелес којашто се конфронтираше со ривалските рапери од Источниот брег чиешто средиште беше Њујорк.

Убиецот на Шакур никогаш не беше откриен, а долги години во оптек се шпекулациите за тоа кој е одговорен за неговата смрт. Шест месеци по неговото убиство, убиен беше и раперот од Источниот брег, Критофер „Ноториус БИГ“ Волас.

Многумина веруваат дека нивните убиства се последица од ривалството меѓу нивните музички издавачи „Death Row“ од Лос Анџелес и „Bad Boy Entertainment“ од Њујорк. Но некои историчари на музиката велат дека приказните за поделбата меѓу Западниот и Источниот брег на САД се предимензионирани од комерцијални причини.

Полицијата во Лас Вегас минатата седмица изврши претрес во една куќа во рамките на истрагата за убиството на Шакур.

Слични објави

(Фото) Синчето на Едина Муса и Мачка наполни 1 година: Цела соба со играчки и балони, а и нов велосипед за малиот славеник!

Еспресо

Синот на Снежана Ѓуришиќ претепан поради долг од 500 евра: Откриени детали за четиричасовното малтретирање

Еспресо

„Простете ми за моето грдо минато“: Аца Лукас проговори за дуетите со Цеца и направените грешки

Еспресо

Ѝ се слошило среде снимање спот! Надица Адемов доживеа незгодна ситуација, откри како се чувствува

Еспресо

(Фото) Прорези горе и долу: Сека Алексиќ провоцира во тесен фустан, облините во преден план

Еспресо

Хороскоп за 19 февруари: Овните треба да избегнуваат импулсивни одлуки, Лавовите ќе го истакнат своето лидерство

Еспресо
Се вчитува....