4.8 C
Скопје
03:14 - 24 октомври, 2026

„Тоа e детски цртеж со боички“: „Ворнер брос“ ја брани мапата прикажана во филмот „Барби“

Филмот на „Ворнер брос“ е најнов западен културен извозен производ кој ги иритира Кина и нејзините соседи.

Љубителите на филмови во потрага по летен ескепизам или бегство од реалноста можеби мислат дека долгоочекуваниот блокбастер „Барби“ ќе биде безбедно засолниште од вртоглавата сложеност на меѓународната политика.

Не е така: филмот е забранет во Виетнам поради сцена која има мапа на Јужното Кинеско Море, кое Пекинг го смета за свое – стратешки важно водно тело за кое жестоко се борат Народна Република Кина и многубројни нејзини соседи, од кои повеќето имаат блиски врски со САД.

„Ворнер брос“ го брани својот филм објаснувајќи дека мапата не е ништо повеќе од детски цртеж со боички и секако не е каква било политичка изјава.

„Ворнер брос“ смета дека контроверзната мапа прикажана во филмот за Барби е безопасна и дека не отсликува никаков политички став во однос на спорното Јужно Кинеско Море.

„Барби“ требаше да се појави во виетнамските кина истиот ден како и во американските, 21 јули.

Но, во пресрет на премиерното прикажување, Министерството за култура, спорт и туризам објави дека ја одзема лиценцата за прикажување на филмот. Виетнамските весници објавија дека дигиталните постери за филмот биле повлечени од веб-страниците на локалните дистрибутери.

„Не даваме лиценца за прикажување на американскиот филм ‘Барби’ во Виетнам затоа што содржи навредлива слика на линија со девет цртички“, изјави Ви Киен Тан, шеф на Одделот за кино во Министерството, за државниот весник „Туои Тре“.

Одделот за кино е владино тело задолжено за лиценцирање и цензурирање странски филмови.

Инаку, линијата со девет цртички во форма на буквата У се користи на кинеските мапи за да ги илустрира своите тврдења за големите области на Јужното Кинеско Море, вклучително и делови од она што Виетнам го смета за свој континентален гребен.

Слични објави

„Не треба само да се оди во естетски салони“: Неда Украден откри како ја одржува витката фигура

Еспресо

„Џабе се потоа станови и скапи школарини“: Иван Босиљчиќ и Јелена Томашевиќ не отстапуваат од ова златно правило за ќерката Нина

Е.А.

„Пеење се слуша секоја вечер“: Соседите открија што се случува во луксузниот дом на Милан Станковиќ

Е.А.

(Фото) Големо славење во домот на Анѓелка Прпиќ, честитките пристигнуваат, се огласи и нејзината кума

Еспресо

Калиопи искрено проговори за посебниот однос со Ромео Грил: „Слепо му верувам, со него имаме посебна врска повеќе од 40 години“:

Еспресо

Никола Роквиќ за последната година од животот на татко му Маринко: „Од самиот почеток знаевме дека нема помош“

Еспресо
Се вчитува....