21:08 - 6 ноември, 2026

Милица Тодоровиќ со отворено писмо: „Поминувам низ пекол, не ми дадовте ни да си го запознаам детето“

Српската пејачка Милица Тодоровиќ ѝ се обрати на јавноста со отворено писмо во кое искрено и емотивно проговори за тешките моменти низ кои минува по раѓањето на своето прво дете.

Во писмото, кое го пренесуваат регионалните медиуми, Тодоровиќ открива дека притисокот и јавниот линч што ги доживеала само неколку дена по породувањето оставиле сериозни последици врз нејзиното здравје.

„Нашето дете има три дена. А јас сите три дена поминувам како низ вистински пекол“, пишува пејачката, нагласувајќи дека наместо мир, тишина и време да го запознае својот син Богдан, од болничкиот кревет се соочува со силен стрес и притисок каков што, како што вели, ниту една жена не би смеела да го доживее во тие моменти.

Тодоровиќ истакнува дека станала мајка во околности кои не се едноставни и дека не бега од вистината, но и дека во јавноста кружат приказни, претпоставки и толкувања кои немаат допирна точка со фактите. „Зад сите тие зборови стои една жена која штотуку се породила и која сето тоа мора да го носи на своите плеќи“, наведува таа.

Милица Тодоровиќ во бременоста / Фото: Фејсбук/Милица Тодоровиќ

Во продолжение на писмото, пејачката признава дека ја разбира туѓата болка и силните емоции, но потенцира дека боли и неа кога за нејзиниот живот се зборува без одговорност, кога сè се сведува на наслови и кога се заборава дека пред сè е човек, жена и мајка. Нејзината реалност, како што вели, не се гласините, туку борбата да биде доволно силна за да може да биде присутна за своето дете.

„Ќе ме разберат жените кои раѓале, затоа што знаат колку е тоа тежок, кревок и емотивен период – дури и кога има мир. А јас мир немав“, пишува Тодоровиќ, потсетувајќи дека е во јавноста од својата петнаесетта година и дека никогаш не се криела зад лаги.

На крајот од писмото, таа порачува дека ќе дојде време кога ќе зборува јасно и со факти, но дури кога ќе биде подготвена. Во овој момент, нејзиниот единствен фокус се детето и сопственото закрепнување, а до јавноста упати апел да престанат шпекулациите и непроверените информации – не поради неа, туку поради, како што вели, „еден мал живот кој штотуку започнува и заслужува мир“.

Тодоровиќ им се заблагодари на сите кои ѝ испратиле поддршка, разбирање и човечка топлина во, како што самата признава, најкревките денови од нејзиниот живот.

Слични објави

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо
Се вчитува....