10:28 - 4 април, 2026

Милан Калиниќ изнајмил стан по разводот од сопругата Сандра: „Осамен е, ретко излегува, нема никаква жена“

Српскиот водител и актер Милан Калиниќ по разводот од сопругата Сандра изнајмил стан на Врачар во којшто живее.

Соседите на актерот од зградата раскажале како изгледа неговото секојдневие по разводот и преселбата во новиот стан, а како што тврди српски „Курир“, тој постојано непрописно го паркира возилото во центарот на градот и ги маскира регистарските таблички со изолир лента за да избегне казна.

– Го гледаме, од неодамна е тука. Тој обично излегува наутро и попладне, за да ги земе децата од Вождовац и да ги носи на училиште и на тренинг. Инаку, делува прилично осамено, ретко излегува од станот, освен кога оди во продавница или да набави храна. Ниту една жена не носи во станот. Ми се чини дека му е многу непријатно поради сè што се пишува за него по разводот, па се крие од нас. Децата понекогаш спијат кај него, тој ми изгледа како грижлив татко – изјавил еден од соседите на Милан за српски „Курир“.

Веста дека Милан Калиниќ се разведува од сопругата по 18 години брак шокираше многумина. Двајцата беа во брак од 2006 година, а во бракот добија две деца.

Како што истакнува извор близок до Калиниќ, Сандра и тој решиле да му стават точка на бракот на почетокот на оваа година, кога одлучиле дека за нив и за нивните деца е најдобро секој да оди по својот пат. Набрзо го напуштил заедничкиот стан на Вождовац каде живееле со години и веднаш почнал да бара нова недвижност за себе.

Во меѓувреме, Милан се вселил во станот на мајка му Боба Којовиќ со која во последно време е неразделен.

 

Слични објави

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.
Се вчитува....